Мараја Кери го тужеше бившиот бидејќи ѝ го трошел времето: Како славните се справуваат со раскинување?
- Детали
- недела, 27 јули 2025
Бен Афлек си истетовира огромен феникс на грбот по разводот со Џенифер Гарнер, а Бритни Спирс беше на шопинг во венчаница по разводот со Кевин Федерлајн.

И познатите се само луѓе, па кога ќе се соочат со крај на љубовна врска или брак, мораат да најдат начин да се справат со болката.
Веројатно секој од нас направил нешто лудо по раскинување, но за разлика од нас, за она што го прават славните дознаваат сите.
Кои се најлудите работи што ги направиле славните по раскинување?
Бен Афлек
По разводот од Џенифер Гарнер во 2015 година, Бен Афлек си направи огромна тетоважа од феникс на грбот.
Актерот доби многу коментари, но и шеги на сметка на тетоважата и првично тврдеше дека е привремена и е направена за филм.
Сепак, подоцна призна дека е вистинска и дека за него имала големо значење.
Ештон Кучер
По бурниот развод со Деми Мур, Ештон Кучер самиот кажа како ја преболел:
„Отидов во ресорт во Монтана. Не јадев и не пиев ништо освен вода и чај. По вториот ден почнав да халуцинирам, што беше фантастично. Беше навистина убаво. Правев таи-чи со моја енергија“.
Бритни Спирс
Во 2008 година, откако го финализира разводот со Кевин Федерлајн, Бритни излезе на шопинг со новиот дечко.
И, за пригодата одлучи да ја облече нејзината венчаница од свадбата со Кевин.
Шакира
Разделбата од Пике несомнено беше болна со Шакира бидејќи фудбалерот ја изневерувал.
Но, наместо да прави драми, Шакира само издаде цел албум со суптилни навреди за Пике и неговата девојка Клара.
„Вредам колку две 22-годишни. Замени Ferrari за Twingo. Замени Rolex за Casio“ е еден од стиховите посветени на Пике.
Исто така, Шакира стави и кукла од вештерка на нејзината тераса, свртена кон куќата на мајка му на Пике. Подоцна се дозна дека пејачката добивала ужасен третман од поранешната свекрва.
Мараја Кери
Одмаздата на Мараја Кери е дефинитивно најкреативна.
По разделбата со свршеникот Џејмс Пакер, Мараја го тужеше бидејќи ѝ го потрошил времето. Со тужбата, таа побара 50 милиони долари од него.
Познато е дека ја добила тужбата, заедно со солидна сума, како и правото да го зачува свршеничкиот прстен кој се проценува на 10 милиони долари.
Аријана Гранде
По разделбата со Пит Дејвидсон, Аријана Гранде отиде на шопинг – како многу девојки и жени пред неа.
Но, за разлика од нас, „обичните смртници“, Аријана не се задоволила со 2-3 парчиња, туку отишла во продавница на Chanel каде купила речиси половина од робата.
Од нејзиниот шопинг има и фотка на која пејачката се гледа со огромни кеси од Chanel.
Анџелина Џоли
Додека траеше разводот од вториот сопруг Били Боб Торнтон, Анџелина Џоли го снимаше Lara Croft: Tomb Raider во Камбоџа.
Па, таму го посвои синот Медокс, а си купи и куќа во џунглата.
Спирова С. | Црнобело