Пике објави нови вљубени фотки со девојката со која ја изневери Шакира: „Секогаш ќе биде запомнета како љубовница“
- Детали
- вторник, 22 јули 2025
„Очигледно секогаш ќе бидеш запомнета како љубовницата“ / „Како можеше да ја изневериш мајката на твоите деца?“ – пишуваат во коментари фановите под романтичните фотки кои Пике ги објави со девојка му Клара, по долга пауза и гласините дека се разделиле.

Во 2022 година Шакира и Жерар Пике објавија дека се разделуваат по 11 години заеднички живот и две деца.

Брзо потоа, се дозна дека Пике има нова девојка, со која очигледно ја изневерувал пејачката, која потоа си замина од семејниот дом и се пресели со синовите во Мајами.

Фудбалерот јавно се појавуваше секаде со девојката, разменуваше нежности и бакнежи без оглед на тоа што сите го критикуваа за постапките, а дури и објави и неколку фотки на Инстаграм со неа.
3 години подоцна, тој уште е со Клара Чиа, девојката со која ја изневери Шакира и која доаѓала во нивниот семеен дом, па токму така нивната афера беше откриена.

Прочитајте повеќе: Дадилка ја открила аферата на Пике - Ја избркал од работа кога ѝ кажала на Шакира

Сега, Пике по долго време повторно објави романтични фотографии со саканата, на кои се бакнуваат и уживаат во убавините на Аризона и Големиот Кањон.
И покрај тоа што изминатите месеци имаше гласини дека се разделиле, сепак, очигледно нивната љубов е силна.

И додека некои од фановите се среќни за него, други не престануваат да коментираат за тоа што го направија:
„Очигледно секогаш ќе бидеш запомнета како љубовницата“ / „Како можеше да ја изневериш мајката на твоите деца?“ - се само дел од коментарите.
Погледнете повеќе фотки од нивното романтично бегство:






М. М. | Црнобело