„Јас ја фотографирав гола“: Бруклин Бекам горд на сопругата, која објави провокативна поза од када
- Детали
- четврток, 24 јули 2025
Во екот на семејната драма меѓу Бруклин Бекам и неговите славни родители, Дејвид и Викторија, нивниот најстар син се пофали дека ја фотографирал сопругата гола во када.

Бруклин Бекам и неговата сопруга, Никола Пелц, се на летување низ Европа.
Тие се во друштво на нејзиното семејство и крстарат по француската ривиера.

Парот ужива во забавите на јахтата и во посетата на монденските места, а Никола секојдневно објавува фотографии и споделува моменти од одморот со своите 3.1 милиони следбеници на Инстаграм.
На дел од фотките, таа разменува нежности со сопругот, а сподели и провокативна фотографија во када, каде што позира гола.

Откако ги објави фотографиите, меѓу првите што ѝ коментираа беше Бруклин.
„Јас ја направив голата фотографија“ - напиша тој, горд и на себе и на својата сопруга.

Никола повторно доби комплименти дека е презгодна, но и дека со Бруклин делуваат како најзаљубениот пар на светот.
Погледнете повеќе фотографии:








