И Кети Пери падна на шармот на канадскиот екс-премиер Џастин Трудо – забележани на вечера по нејзиниот развод (видео)
- Детали
- среда, 30 јули 2025
Беше омилен премиер, а многу познати дами паѓаа на неговиот шарм меѓу кои и Меланија Трамп која се топеше пред него - сега Кети Пери, откако се разведе, е забележана на вечера во Торонто со Џастин Трудо, кој пред 2 години исто така се разведе, а има 3 деца.

Во текот на неговиот речиси 10-годишен мандат како премиер на Канада, Џастин Трудо имаше многу обожавателки, кои паѓаа на неговиот шарм, независно од политичката кариера.
Низ годините, повеќе славни дами биле забележани како се топат пред него, како Меланија и Иванка Трамп, но и актерката Ема Вотсон, па дури и Кејт Мидлтон.

Освен по неговата насмевка, тој е препознатлив и по шарените чорапи кои ги носи дури и на одело и на важни, официјални настани, а честопати со нив дури испраќа и некаква скриена порака.

До неодамна, политичарот кој на многумина им беше омилен, беше во брак и живееше идиличен семеен живот со сопругата и трите деца.

По 18 години брачен живот, во 2023-та тој објави дека се разведува од сопругата Софи.
Прочитајте повеќе: „Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од која се разведува по 18 години

Сега, кога веќе не е ниту женет, а ниту на функција, на неговиот шарм не можеше да одолее ниту Кети Пери, која неодамна се разведе од Орландо Блум.
Во понеделникот, двајцата беа забележани на вечера во ресторан во Торонто, а TMZ објави видео снимка од нивната средба.

Сведоци за медиумот тврдат дека пиеле коктели и поделиле неколку специјалитети, шефот на кујна дошол до маса да ги поздрави, а потоа тие отишле во кујна да се заблагодарат.
Во текот на разговорот, наводно Кети му вели на Џастин: „Добар апетит“.
За целото време имало телохранители кои ги набљудувале преку стакло.

Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело