Со неуредна фризура и без позирање: Ирина Шајк (39) на плажа во Италија во сосема опуштено издание (фото)
- Детали
- вторник, 05 август 2025
И Ирина Шајк се вљуби во трендот бикини со точки, а на плажа во Италија покажа дека изгледа одлично во секое издание.

Ирина Шајк (39) ужива на плажа во Капри, Италија во Dolce & Gabbana бикини со точки.
Таа изгледа одлично дури и во најопуштеното издание, без уредна фризура, позирање или Инстаграм филтри.


Ирина е фотографирана како ужива во летниот одмор сама, но странските медиуми тврдат дека со неа e нејзината 7-годишна ќерка Леа (иако ја нема на фотките).

Неодамна, Шајк беше забележана во Неапол, Италија, како снима жешка кампања за Dolce & Gabbana со италијанскиот актер Микеле Мороне.
Тие страсно се бакнуваaт на улица во име на кампањата.


Повеќе фотографии од Шајк на плажа:











С. С. | Црнобело