Обезбедување не ја пушти Џенифер Лопез во продавница на Chanel заради аутфитот - Како изреагира пејачката?
- Детали
- петок, 08 август 2025
На Џенифер Лопез во реалноста ѝ се случи сцената од филмот Pretty Woman со Џулија Робертс и шопингот - откако обезбедувањето не ѝ дозволи да влезе во продавница на Chanel во Истанбул.

Џенифер Лопез одржа голем концерт во Истанбул на 05.08, за кој турските медиуми пренесоа дека е еден од најдобрите што му се случиле на градот.
Но, сега тие пишуваат и за наводниот скандал кој се случил во еден од големите трговски центри во Истанбул, Istinye Park, кога маж вработен во обезбедување во продавницата на Chanel, одбил да ја пушти пејачката да влезе внатре.

Џенифер е фотографирана како влегува и се шета низ трговскиот центар, облечена во кратки розови панталони со балетанки, кошула по долги ракави во истата боја и со големи розови очила.
Таа поминала три часа во шопинг, но кога сакала да влезе во продавницата на Chanel, обезбедувањето не ѝ дозволило.

Мажот ѝ кажал: „Капацитетот ни е полн“, бидејќи наводно не ја препознал ѕвездата, иако се шпекулира дека не ѝ дозволил да влезе затоа што била облечена „непристојно“.
Џенифер мирно му одговорила: „Океј, нема проблем“ и продолжила понатаму, па потрошила неколку десетици илјади долари во продавниците на Celine и Beymen.

Според очевидци, една од продавачките во Chanel подоцна ѝ пристапила на Лопез и ја замолила да се врати во нивната продавница.
Taa се извинила за грешката на обезбедувањето, но Џенифер одбила.

Според многумина, ситуацијата потсетува на една од култните сцени на филмот Pretty Woman, кога продавачка со потценување ја гледа Џулија Робертс и ја брка од продавницата, а еден ден потоа таа се враќа назад со куп торби, ја прашува дали работи на провизија, па без да купи ништо си оди со коментар: „Голема грешка! Огромна!“
Кликнете на видеото и погледнете ја сцената:
А. Ј. | Црнобело