Роналдо го „украл“ дизајнот за свршеничкиот прстен на Џорџина од Лорен Санчез – огромниот дијамант вреди над 2 милиони долари
- Детали
- вторник, 12 август 2025
Според експертите, огромниот дијамант на свршеничкиот прстен на Џорџина вреди повеќе од 2 милиони долари, а јавноста веднаш забележа дека дизајнот е речиси идентичен со венчалниот прстен на Лорен Санчез. Иако Роналдо можеби ја украл идејата од неа и Безос, Лорен им честита меѓу првите.

По речиси десет години врска, Кристијано Роналдо ја запроси Џорџина Родригез, и тоа со огромен дијамантски прстен кој експертите го проценуваат на неколку милиони долари.
А, на многумина веднаш им „падна во око“ дека свршеничкиот прстен е речиси ист како венчалниот на Лорен Санчез.
За Daily Mail, експерт за накит вели дека овалниот дијамант на Џорџина сигурно има повеќе од 15 карати.
„Сечењето на дијамантот во овална форма го нагласува сјајот на каменот и му дава жив изглед од секој агол. Централниот дијамант е опкружен со помали дијаманти, што додаваат уште сјај и прават и онака импресивниот дијамант да изгледа уште поголем.
Дијамант со оваа големина сигурно е поставен на платинест прстен за сигурност, што пак уште повеќе му ја истакнува бојата.
Ова е дефинитивно еден од најимпресивните дијаманти што сум ги видела изминатите неколку години“, вели експертката.
Друга експертка, пак, го проценува прстенот на неколку милиони долари - веројатно повеќе од два.
„Дијамантот сигурно има барем 15 карати, а околу него има помали дијаманти од 2-3 карати. Во зависност од квалитетот, прстенот од платина и дијамантот во средината сигурно вредат неколку милиони“.
Според експертите, Роналдо одвоил од 2 до 5 милиони долари за свршеничкиот прстен на Џорџина, но не е познато дали е направен по нарачка и дали тој имал некаков удел во неговиот дизајн.
Некои, пак, сметаат дека ја „украл“ идејата од Безос и Лорен Санчез – нејзиниот венчален прстен изгледа речиси идентично со свршеничкиот прстен на Џорџина.
Во интервју за Vogue, Лорен откри дека свршеничкиот прстен од Безос бил украсен со редок розов дијамант чија вредност се проценува на три до пет милиони долари.
Потоа, на свадбата во Италија, Лорен го покажа и венчалниот прстен кој е уште пораскошен од свршеничкиот.
Според експертите, дијамантот на венчалниот прстен на Лорен има можеби и 40 карати, што значи дека сигурно вреди околу четири милиони долари.
Сепак, некои велат дека дијамантот не е добро прицврстен, како оној на Џорџина, па голема е веројатноста Лорен и да го изгуби.
Без разлика дали Роналдо ја украл идејата за прстенот од Лорен, таа сепак беше меѓу првите кои му честитаа на парот.
На фотката што ја сподели Џорџина, Лорен остави коментар:
„Многу сум среќна за вас“.
Засега не се познати никакви детали за свадбата на Роналдо и Џорџина. Но, ако бараат инспирација кај Лорен и Безос, може да се очекува раскошна прослава, како нивната.
Прочитајте повеќе: Роналдо конечно ја запроси Џорџина со огромен дијамантски прстен: „Да, во овој и сите мои животи“
Спирова С. | Црнобело