Полицајци не го препознаа Леонардо ди Каприо – Го претресуваат на Ибица пред да оди на забава (видео)
- Детали
- среда, 13 август 2025
„Ѕвездите се како нас – Леонардо беше една од најпознатите личности на забавата, но полицијата го застана. Кога сфатија кој е, малку беа збунети и проверија уште еднаш дали е тој. Лео, пак, се однесуваше културно и се шегуваше“, вели гостин на забава на Ибица кој сведочел на претресувањето на славниот актер.

Леонардо ди Каприо е една од најпознатите личности во светот, поради што и бејзбол капчето со кое пробува да се скрие од фановите и папараците му стана заштитен знак.
Но, на почетокот од август се нашол во ситуација кога полицајци на Ибица не само што не го препознале, туку и го претресувале.
На почетокот од август, 50-годишниот актер сакал да оди на забава на Ибица, но бил запрен од полицајци кои не го препознале.
Актерот бил застанат на улица, а со него била и млада жена за која се претпоставува дека е неговата девојка Виторија Серети.
Според очевидците, актерот пробал да им се претстави на полицајците, но тие му побарале и документ за идентификација.
На видео објавено од Daily Mail, се гледа како актерот стои до еден од полицајците и во рацете држи нешто – веројатно личните предмети од џебовите.
Полицаецот пред него претресува друг маж, а Леонардо чека да дојде неговиот ред.
Во заднина се слуша и женски глас, веројатно на Виторија Серети, која вели:
„Ме претресуваат“.
Забавата на којашто пробувал да влезе актерот била организирана во приватна вила и присуствувале бројни славни личности, како Кендал Џенер и Тоби Мегваер.
„Ѕвездите се како нас – Леонардо беше една од најпознатите личности на забавата, но и него го застанаа. Кога сфатија кој е, малку беа збунети и проверија уште еднаш дали е тој.
Лео, пак, се однесуваше културно и се шегуваше“, вели личност која сведочела на претресувањето.
На крај, на актерот му било дозволено да оди на забавата, но некои извори велат дека Тревис Скот – поранешниот партнер на Кајли Џенер – не бил пуштен.
Погледнете го видеото од актерот на Ибица:
Прочитајте и: Кои се бившите на Леонардо ди Каприо (и што мислат за него)?
Спирова С. | Црнобело