„Не беше ваков порано“ – Ким со плачење му се обраќа на Канје Вест, откако престанал да пие лекови за биполарност (видео)
- Детали
- четврток, 14 август 2025
„Попрво би бил мртов отколку да бидам на лекови. Тие ќе ме уништат“ - вели Канје Вест и признава дека веќе не пие лекови за биполарност, во трејлерот за документарниот филм кој има морничави сцени, а го прикажува неговиот живот, каде се опфатени и инсерти од кавгите и разорниот брак со Ким Кардашијан преку сцени во кои таа плаче, а тој е груб со неа.

На 19-ти септември 2025 е очекувана премиерата на документарниот филм за Канје Вест, насловен „In Whose Name“, каде се зборува за трансформацијата на раперот од Канје во Је и сите пропратни животни предизвици.

Во филмот се опфатени интимни моменти, кои биле снимани во текот на 6 години, меѓу кои и разорниот однос со Ким Кардашијан за време на нивниот брак што траеше до 2022.
Трејлерот кој беше објавен вчера, прикажува токму такви случки, а започнува со сцена во која тој кажува дека не пие лекови веќе 5 месеци, а Ким со плачење му вели „Твојата личност не беше ваква порано“.

Во друга емотивна сцена се забележува како таа се обидува да го смири лутиот Канје, а тој со викање ѝ вели:
„Никогаш немој да ми кажуваш дека еден ден ќе се разбудам и ќе немам ништо“.

Освен односот со Ким, фокусот во трејлерот е и на неговата ментална состојба, односно борбата со биполарноста и одбивањето на користење лекови.
„Попрво би бил мртов отколку да бидам на лекови. Или тие ќе ме уништат, или јас ќе го уништам тоа. Тие ја убиваат нашата способност да размислуваме надвор од кутијата“ – вели тој.

Низ видеото се опфатени и инсерти со неговите деца, посебно со првородената Норт Вест.


Трејлерот завршува со изјавата на контроверзниот Вест, која гласи: „Знаеш што е најдобрата работа кога си уметник и биполарен? Сè што ќе кажеш или направиш е уметничко дело“.

Инаку, на почетокот на летото се појавија информации дека Канје и неговата сопруга Бјанка Сенсори сами се пријавиле во клиника за ментални болести.
Уште во 2020-та, грижата за неговото ментално здравје стана голема, откако јавно почна да покажува испади преку бесмислени говори, плачење и твитови, како и потегот со кој се кандидираше за претседател на САД, што исто така е опфатен во документарниот филм меѓу другите чудни и морничави сцени.
Прочитајте повеќе: „Ким побара доктор за да ме затворат“ - расте стравот за менталното здравје на Канје Вест

Погледнете го видеото:
М. М. | Црнобело