Има шизофренија, ѝ скршил заб на бившата што ја малтретирал: Кој е проблематичниот внук на Џек Николсон?
Елизабет се обидела да побегне, но тогаш Шон почнал и да ја дави. Ја пуштил да си оди дури откако почнала да вика на глас.
По нападот, Елизабет ѝ се јавила на мајката на Шон и ѝ ги покажала повредите и скршениот заб, па токму таа повикала полиција и го пријавила син ѝ.
На Елизабет ѝ бил направена итна процедура за скршениот заб, а добила и неколку конци за повредите на лицето.
Чудно е што Шон нема досие, односно никогаш претходно не бил апсен, додека Елизабет тврди дека насилството било речиси секојдневие.
Покрај физичкото насилство, таа трпела и физичка тортура бидејќи Шон многупати ја демнел. Кога, пак, раскинувале, ѝ се јавувал од разни броеви и ја бомбардирал со мејлови.
Со тужбата, Елизабет побара забрана за приближување за Шон и ја доби. Истовремено, закажано е и сослушување за сите обвиненија против него.
Инаку, Шон бил запишан на престижниот колеџ Emerson, но се отпишал и почнал кариера како музички продуцент.
Самиот се има опишано како „музички композитор“, иако нема постигнато некој значаен успех.
Иако досега немал криминално досие, со години наназад имал проблеми со зависност, главно од седативи и слични лекови.
Тој има и брат, кој решил да тргне по стапките на дедо му Џек, па сега работи како актер.
Џек Николсон, пак, ретко кога го спомнал, но се имаат појавено заедно на премиера.
Сепак, Шон сака да се претставува со презимето на неговиот славен дедо, иако презимето на неговиот биолошки татко е Норфлит.
Прочитајте и: Спиел со над 2.000 жени, има пет деца, а стравува дека ќе остане целосно сам – Факти за бурниот живот на Џек Николсон
Спирова С. | Црнобело