Спиел со над 2.000 жени, има пет деца, а стравува дека ќе остане целосно сам – Факти за бурниот живот на Џек Николсон
Џек Николсон во својата кариера добил три Оскари, а 12 пати бил номиниран за престижната награда. За него се вели дека е модерен Казанова, кој спиел со над 2.000 жени, а има пет деца. Интересни факти за актерот во продолжение.

Поминаа речиси 12 години откако последен пат имавме можност да го видиме Џек Николсон на големото платно. Славниот холивудски актер за последен пат играше во филмот How Do You Know во 2010-та година, а оттогаш мошне ретко се појавува во јавност.
Во изминатите години, медиумитеедиумите ја пренесоа веста дека актерот страда од деменција и дека живее во целост повлечен во својот дом во Беверли Хилс кој го поседува уште од 70-тите години на минатиот век.
Актерот еднаш се насмеа на ваквите пишувања и рече дека има „математички“ мозок.
А за да им стави крај на шпекулациите во октомври минатата година се појави за првпат во две години на натпревар на Лос Анџелес Лејкерс, заедно со неговиот син Реј (29).

Ова беше едно од ретките појавување на актерот во јавност во последните 12 години. Претходно се појави само во 2020-та година кога даде кратка изјава за медиумите по смртта на Коби Брајант.

Во продолжение да проследиме неколку интересни факти за него што можеби не сте ги знаеле:
Џек бил роден како Џон Џозеф Николсон на 22-ри април 1937 година во Њу Џерси, САД.

Тој пораснал верувајќи дека неговата баба му е мајка, а дека неговата мајка Џун Франсис Николсон, која била танчарка, му е сестра. Џек ја дознал вистината во 1974-та година, на 37 години од новинар на Time кој правел истражување за него.
Прочитајте повеќе - На 37 години открил дека неговата сестра му е биолошка мајка – лудата животна приказна на Џек Николсон

Кога се преселил во Холивуд Џек прво работел како асистент во студиото MGM, за легендите на анимираниот филм Џозеф Барбера и Вилијам Хана. Во 60-тите години се појавил во повеќе нискобуџетни хорор филмови, а се обидел да работи како сценарист и режисер. Првата поголема улога ја добил во 1969-та година во филмот The Easy Rider.

Неговата плодна актерска кариера продолжила сè до 2010-тата година кога за последен пат се појавил на големото платно во филмот How Do You Know со Рис Витерспун.

Николсон во голема мера го криел својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но за него се вели дека е модерен Казанова кој има спиено со над 2.000 жени. Самиот велел дека никогаш не броел точно со колку жени спиел.

