Џоан Колинс (92) изгледа одлично во костим за капење - ужива во Франција со 31-година помладиот сопруг
- Детали
- среда, 20 август 2025
Актерката која многу генерации ја препознаваат како злобната Алексис од „Династија“ и на 92 години изгледа одлично.

Џоан Колинс и на 92 години го живее животот со полни гради и ужива во староста, иако не им се предава на годините.
Доказ за тоа е и последната фотографија што ја објави на Инстаграм, во монокини, со шешир и многу накит, а на која изгледа одлично.

Многумина ѝ замерија дека претерала со филтрите за лицето на самата фотка, но дека и покрај тоа е прекрасна.
Актерката, пак, со фотката најави дека продуцентот на филмот Murder Between Friends, во кој глумела таа пред многу години.

Тој сега размислува за снимање нов дел, па сега и таа размислува да ја прифати улогата.
„А во меѓувреме, се одморам на југот на Франција“, пишува на Инстаграм.

Актерката е таму со својот 31-година помлад сопруг Перси Гибсон, со кого е во брак повеќе од две децении.
Тие се венчаа во 2002 година во Лондон и оттогаш се неразделни.

Џоан во една пригода изјави дека „Перси е најчесниот човек што го запознала во животот“.
