„Пробаа да ме киднапираат, ме силуваа, имав анорексија“ - Некогашна тинејџерска ѕвезда за мрачната страна на филмската индустрија
Во тинејџерските години, Алисон се соочила и со средовечен маж кој ја демнел и ја следел насекаде.
Кога го пријавила во полиција, ѝ рекле дека не можат да направат ништо штом немало физички контакт.
„Тога немав пари за телохранители, па морав да станам експерт за читање на говорот на телото, да научам да забележувам што им се намерите на луѓето околу мене“, пишува актерката.
Имала анорексија
Алисон се пријавила на аудиција за главната улога во The Hunger Games (која на крај ѝ припадна на Џенифер Лоренс).
Бидејќи конкуренцијата била огромна, Алисон дела од екстреми за да се подготви за улогата.
Открива дека се пријавила во „реномиран камп за слабеење“ каде што поминала две недели.
Овде тренирале и по седум часа дневно, а внесувале помалку калории отколку што им требаат. Кога се пријавила на кампот, Алисон веќе била екстремно слаба, но сметала дека треба да ослаби уште.
„Лекарите и тренерите на кампот не требаше да им дозволуваат на тинејџерите кои беа екстремно слаби да трчаат со часови, да креваат тегови и да прават интензивни кардио вежби.
Но, јас им реков дека се подготвувам за улога, па ми дозволија да тренирам“.
Алисон се изгладнувала, вежбала компулсивно, но потоа се прејадувала и ја повраќала храната.
Овој циклус се претворил во нарушување во исхраната и на крај, на само 17-годишна возраст, таа завршила и на клиника за анорексија.
Била силувана
Најпотресното искуство што го открива Алисон во мемоарите е силување.
Таа вели дека била сексуализирана на аудициите уште на само 13-годишна возраст.
„Она што го забележав е дека од сите девојчиња се очекуваше да делуваат секси. Беше навистина бизарно и страшно да се биде на аудиција со возрасни мажи кои јас, на 13-14 години, требаше да ги заведам за да добијам улога“.
Некои од овие возрасни мажи биле и предатори заштитени од индустријата.
Алисон била силувана од ваков маж за кој вели дека бил многу почитуван од другите.
„Светот околу мене се смрачи и ја изгуби конекцијата со моето тело. Последното нешто што го видов е некаков постер на ѕидот… Потоа како да изгубив свест додека ме силуваше“, пишува актерката за страшното искуство.
По ова, Алисон одлучила да се дистанцира од забавната индустрија и што било поврзано со јавниот живот. Почнала да го насочува својот фокус кон психологијата, па денес е експерт за ментално здравје.
Сепак, љубовта кон глумата останала, па периодов пробува повторно да се активира и во филмската индустрија.
Спирова С. | Црнобело