Бурната врска на Линдзи Лохан со бившата девојка: Се тепаа во дискотеки, заедно користеа дрога
- Детали
- сабота, 23 август 2025
Се сеќавате на врската на Линдзи Лохан и Саманта Ронсон? Актерката и диџејката беа заедно помалку од една година, но во тој период раскинаа стопати, се караа на Твитер, а имало случаи и кога дошло до физички пресметки. По финалното раскинување, Линдзи помина 3 месеци на рехабилитација.

Денес Линдзи Лохан е како нова личност – се ослободи од пороците, изгледа подобро од кога било, а се активира и на големото платно.
Но, факт е дека со години наназад, важеше за една од најскандалозните познати личности, а не недостасуваа драми и во нејзиниот љубовен живот.
Mожеби една од нејзините најбурни врски беше со жена – диџејката Саманта Ронсон. Откако се разделија, дури и самата Линдзи изјави:
„Две токсични личности не може да бидат во врска“.
Од караници во јавност, до менување брави, детали за бурната врска на Линдзи и Саманта:
Не е познато кога и каде се запознале Линдзи и Саманта, но првите гласини дека се во врска се појавија во 2008 година.
Тој период, двете девојки беа забележувани заедно насекаде – модни ревии, забави, ресторани…
Линдзи никогаш не ја потврди врската кажувајќи го името на Саманта, но во интервју за Haprer’s Bazaar од 2008 година изјави:
„Мислам дека е очигледно со кого сум во врска. Мислам дека веќе не е шок за јавноста бидејќи сме заедно некое време. Таа прекрасна личност и многу ја сакам“.
Брзо станаа еден од најпознатите парови, но во голема мера поради нивните караници, како и фактот дека и двете активно користеа дрога.
Линдзи и Саманта честопати се расправаа јавно, и тоа преку Твитер.
Во една ваква караница, Линдзи ја обвини Саманта дека ја натерала да си оди од забава. На ова, Саманта одговори:
„Ако си идиот кој се дрогира, не го окупирај тоалетот – некои од нас треба да го користат. Дрогата може да те натера да пишуваш навистина луди твитови“.
Ваквите „препукувања“ меѓу Саманта и Линдзи беа речиси постојани, па беше јасно дека тие раскинуваа и се смируваа постојано.
Неколкупати американските медиуми пишуваа дека меѓу нив имало и физички пресметки – еднаш речиси се степале во дискотека во Лондон, а во друга пригода, почнале да се удираат во хотел во Њујорк.
Нивната врска била толку токсична, што и татко ѝ на Линдзи пробал да се замеша со надеж дека ќе ги раздели.
