Се венча со порно актер, беше зависна од хероин: Тажниот живот на првата актерка што ја глумеше Венздеј Адамс

Со новата професија започнал уште побурен период од животот на Лиса – почна да користи дрога, па дури и се венча со порно актер.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-03.JPG

Очекувано, Лиса се надевала дека третиот сопруг ќе престане да снима откако ќе се венчаат и извесен период тој се држел до ветеното.

Но, сепак продолжил да снима зад нејзиниот грб и поради ова се разделија.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-09.JPG

Кратко пред разводот, тие гостуваа во емисија каде зборуваа за чудната динамика на нивниот брак.

„Ми беше лесно да ги снимам филмовите за возрасни. Снимав порнофилмови и имав проблем со дрога. За мене беше како афродизијак да одам дома по снимање бидејќи психички сакав да бидам само со една жена.

Пред да ја запознаам ова жена, која ми даде живот, некогаш бев многу глупав. Како да не сфаќав што имав. И, никогаш нема да ја оставам оваа жена, дури и ако таа ме напушти“.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-07.JPG

И покрај емотивното интервју, Лиса веќе ја изгубила довербата во сопругот па во 1992-ра се разведоа.

Истата година, актерката отиде и на рехабилитација за зависност од хероин. Откако малку си го среди животот, изјави дека бракот со порно ѕвезда бил најголемата грешка што ја направила во животот.

„Не требаше да се плеткам со личност со таква професија. Тој снимаше зад мојот грб и тоа беше причина за нашата разделба“.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-05.JPG

И покрај многуте премрежја, животот на Лиса сепак почна да се движи во нагорна линија и си најде стабилна работа во компанија за дизајн на ентериер.

Успеа да се врати во филмската индустрија и се појави во неколку филмови, а и повторно да најде љубов.

Сепак, и четвртиот брак не траеше долго – од 2003 до 2008 година.

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-8.JPG

Лиса почина во 2023-та, на 64-годишна возраст по мозочен удар. Тажната вест ја сподели нејзина блиска пријателка:

„Со голема тага ја споделувам смртта на нашата драга пријателка Лиса Лоринг. Пред четири дена имаше сериозен мозочен удар предизвикан од пушење и висок крвен притисок.

Три дена беше на животна поддршка. Вчера нејзиното семејство донесе тешка одлука поддршката да биде исклучена“.

Прочитајте и: Почнала да глуми на 8 години, стана хит меме на Твитер – Што знаеме за актерката што ја игра главната улога во „Wednesday“?

se-vencha-so-porno-akter-beshe-zavisna-od-heroin-tazhniot-zhivot-na-prvpat-akterka-shto-ja-glumeshe-venzdej-adams-12.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава