Почнала да глуми на 8 години, стана хит меме на Твитер – Што знаеме за актерката што ја игра главната улога во „Wednesday“?
- Детали
- среда, 14 декември 2022
Социјалните мрежи се преплавени со лажни факти за Џена Ортега која ја толкува главната улога во хит серијата Wednesday на Netflix. Во продолжение да видиме што знаеме за 20-годишната актерка и кои факти за неа се вистина, а кои се измислица.
Хит серијата Wednesday на Netflix ја освојува публиката во светот, а по само две недели емитување се смета дека е едно од петте најуспешни остварувања на стриминг платформата.
Wednesday Addams е девојка што никогаш не се смее, не знае како да биде љубезна. Исто така, алергична е на бои и затоа носи само црна боја.
Во филмот се појавуваат некои звучни имиња како Кетрин Зита Џонс и Кристина Ричи, а се смета дека успехот во најголема мера се должи на младата актерка што ја толкува главната улога – Џена Ортега.
Таа деновиве е хит меме на Инстаграм, а се споделуваат фотографии на кои таа навидум открива приватни детали од сопствениот живот.
Наводно трендот почнал откако ministryofpop, прв споделил меме во кое Џена открива дека постојано го слушала албумот GOT7 EP на GOT7 додека се подготвувала за улогата.
По ова следат голем број „детали“ што таа наводно ги „открива“, како нејзините омилени книги, храна, облека итн.
Во продолжение ќе видиме неколку интересни факти со кои ќе можеме да одвоиме што знаеме за актерката што во моментов е мошне популарна, а не се измислици како оние што масовно се шират на Твитер.
Што знаеме за оваа 20-годишна актерка, која иако е многу млада, зад себе има веќе 12-годишна кариера?
Џена Ортега е едно од шесте деца на Едвард и Натали Ортега. Мајка ѝ Натали (46) работи како медицинска сестра, а е мошне активна и на социјалните мрежи каде редовно споделува фотографии од нејзиното семејство.
Татко ѝ на Џена, Едвард (48) по потекло е од Мексико, а мајка ѝ е од Порторико, а таа самата вели дека е мошне горда затоа што за улогата на Wednesday Addams овојпат е избрана девојка со латино-американско потекло.
Џена почнала да се занимава со глума на возраст од само 8 години, кога се појавила во неколку реклами, но и во мега-популарната серија CSI: New York.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





