Фото-споредби од славни дами на иста возраст, со и без пластични операции
Никол Кидман и Џулија Робертс (58 години)
Како Мадона, во последно време и Никол Кидман е критикувана за многуте процедури. Некои сметаат и дека лицето на актерката веќе не е експерсивно како порано.
Џулија Робертс не пробува да ги скрие годините и смета дека насмевката, со која се познаваат и брчките, е нејзиниот најдобар атрибут.
Бела Хадид и Флоренс Пју (28)
Иако нема ни 30 години, Бела Хадид веќе има направено низа корекции. Самата призна дека направила операција на носот на 14-годишна возраст, а поради голема промена на нејзиното лице, јавноста верува дека има направено и други процедури.
Флоренс Пју си го сака младешкиот изглед, а неретко е и гласна за нереалните стандарди за убавина наметнати на жените во Холивуд.
Тори Спелинг и Хајди Клум (52 години)
Тори Спелинг отворено зборува за нејзините процедури кои вклучуваат операција на носот, филери на усните и операција за зголемување на градите.
Хајди Клум можеби користи нешто на челото, но има изјавено дека ѝ е страв да оди под нож.
Манекенката вели дека некогаш можеби ќе направи операција, но засега го нема надминато стравот.
Синди Крафорд и Салма Хајек (58 години)
Синди Крафорд има изјавено дека редовно користи инјекции со ботокс за да го задржи младешкиот изглед. Користи и разни третмани со кои пробува да ја спречи појава на брчки.
Салма Хајек од друга страна, вели дека нема ставено ништо на лицето – таа дури гордо ја покажува и седата коса.
Сандра Булок и Моника Белучи (60 години)
Иако самата нема признато, се шпекулира дека Сандра Булок има направено некаква операција. Но, актерката е искрена дека користи процедури како ботокс.
Моника Белучи, пак, останува да биде симбол за природна убавина и гордо си го носи брчките.
Спирова С. | Црнобело