Фото-споредби од славни дами на иста возраст, со и без пластични операции
- Детали
- понеделник, 08 септември 2025
Додека 44-годишната Ким Кардашијан има направено безброј операции и процедури, Натали Портман, која е на иста возраст како неа, си го сака природниот изглед.

Процедурите за подмладување со ботокс и слично веќе се норма, а многу жени се одлучуваат и за пластични операции за совршен изглед.
Кај славните дами, овој тренд постои одамна, но додека некои пробуваат да ги „избришат“ годините како знаат и умеат, други се горди на своите брчки и „недостатоци“.
Споредби од славни дами на иста возраст кои имаат и немаат правено пластични операции:
Присила Присли и Хелен Мирен (80 години)
Иако Присила Присли беше позната по својата природна убавина, поради лошо изведена процедура, сега има деформитет на лицето.
Оттогаш има додадено ботокс и лифтинг, а има направено и операција на носот.
Хелен Мирен, од друга страна, нема правено никакви процедури, но вели дека има почит кои оние што ги користат.
„Мислам дека луѓето треба да прават што сакаат ако тоа ги усреќува“, има изјавено во интервју.
Мадона и Шерон Стоун (67 години)
Мадона не крие дека има направено низа козметички процедури. Како што има изјавено, редовно користи филери од 2012 година.
Но, изминативе неколку години почна да се соочува со критики дека претерува со корекции и веќе не личи на себе.
Шерон Стоун порано користела ботокс, но како што откри, престанала по излив на мозокот во 2011 година.
Таа има направено и операција на градите, но бидејќи ѝ биле најдени тумори.
Ким Кардашијан и Натали Портман (44 години)
Добро познат факт е дека Ким Кардашијан има направено неколку операции, а и редовно користи процедури како филери.
Натали Портман, од друга страна, си го сака својот природен изглед и многупати има изјавено дека нема да потпадне на нереалистичните стандарди за убавина што им се наметнуваат на жените.
Тара Рид и Кејт Винслет (49 години)
Низ годините, Тара Рид има направено неколку процедури и операции, вклучувајќи зголемување на градите е липосукција.
Кејт Винслет, пак, гласно ги критикува пластичните операции и смета дека секој треба да си ја цени убавината.
„Пластичните операции се во контраст со моите верувања и начинот на којшто сум воспитана. Никогаш нема да направам корекција. Притоа, јас сум актерка, не сакам лицето да ми биде замрзнато“.