Позира со пешкир на јахта, се вози со хеликоптер – Дизајнерот Мајкл Корс со сопругот на одмор во Грција (фото)
- Детали
- сабота, 30 август 2025
Да го видите на некој грчки остров би помислиле ли дека овој скромен човек стои зад брендот Michael Kors? Дизајнерот ужива на одмор на островот Хидра, позира со сопругот, но и гол со пешкир на јахта и признава: „Секогаш сакам да се враќам во Грција“.

Мајкл Дејвид Корс (66) е човекот кој стои зад истоимениот луксузен моден бренд, а периодов одмара од работните обврски во Грција.
Тој е на одмор заедно со неговиот сопруг со кој е во брак од 2011, а уживаат на некој од грчките острови, меѓу кои и Хидра.

На официјалниот профил на брендот на Инстаграм, беа споделени негови приватни фотки на кои покажа како си поминува.
Позира со пешкир на јахта, но и пред хеликоптер, се релаксира на приватни плажи со карпи и наздравува со чаша вино со сопругот.

„Топлината на луѓето, тиркизните води и опуштената атмосфера која владее... секогаш сакам да се вратам во мојата сакана Грција. Секогаш сме во движење..“ – стои во описот на објавата, со поздрав од него.
Повеќе фотки од одморот:





М. М. | Црнобело