Некогашниот заводник Мики Рурк остаре „преку ноќ“ откако си ја уништи кариерата (фото)
- Детали
- среда, 27 август 2025
Пред само неколку месеци, Мики Рурк беше дел од американското издание на „Големиот брат“ каде што изгледаше дури и помладо за своите 72 години. Но, на последните папарацо фотки, актерот е со седа и проретчена коса и делува исцрпено.

Ако во ’80-тите и ’90-тите Мики Рурк беше познат по својот талент и соработката со некои од најдобрите режисери, денес актерот привлекува внимание со изгледот кој е резултат на бројни пластични операции, но и со лошото однесување.
Во април годинава, 72-годишниот актер беше дел од американското издание на Celebrity Big Brother (Големиот брат со славни личности), но беше избркан поради недоличното однесување.
Тогаш актерот изгледаше дури и помладо за своја возраст, но сега, само неколку месеци подоцна, тој е непрепознатлив.
На папарацо фотки направени од почетокот на август, актерот има седа и проретчена коса и изгледа навистина слабо и исцрпено.
Бидејќи станува збор за драстична промена за многу краток период, фановите се загрижени за неговата здравствена состојба.
Актерот беше фотографиран додека зборува со неколку работници од служба за отстранување штетници кои поминале околу еден час во неговиот дом.

Се чини дека тој веќе воопшто не ја напушта куќата бидејќи, како што откриваат извори, честопати забележувале личен асистент кој излегува и влегува во куќата носејќи кеси со продукти од маркет.
Актерската карера на Мики Рурк како одамна да е згасната, а самиот актер призна дека во голема мера, ова се должи на неговото однесување.