Некогашниот заводник Мики Рурк остаре „преку ноќ“ откако си ја уништи кариерата (фото)
Иако изминативе неколку години е активен, Мики добива улоги во филмови кои не ни допираат до поголемиот дел од јавноста.
„Има режисери со кои сакам да работам, кои не се плашат од мене и кои ми веруваат каква личност сум. Не се водат по мојата репутација.
Направив грешки, и тоа многу, и самиот се обвинувам што мојот брод тоне“, изјави актерот во интервју за магазинот The Sun.
Кога го достигнуваше врвот, актерот стана миленик на јавноста поради својата харизма, но и изгледот.
Сепак, во раните ’90-ти одлучи да направи промена во кариерата – се оттргна од Холивуд и стана професионален боксер.
Актерот уште во детството тренирал бокс, а реши да му се врти на спорот на дури 39-годишна возраст. И, повредите од натпреварите се она што почна да му го менува изгледот.
„Му се вратив на боксирањето поради срам. Како аматер бев добар, но направив пауза поради потрес на мозокот.
Пораснав во теретана во Мајами, во истата каде што тренирал Мухамед Али. Имав 142 натпревари, од кои изгуби само три“.
Актерот прво планирал да учествува во еден натпревар, но потоа учествуваше и во уште еден, и во уште еден…
На крај, го советувале да се откаже од боксерската кариера поради невролошки проблеми. Но, додека да се откаже, лицето веќе му било деформирано.
„Не ги губев натпреварите, но додека вежбав честопати добивав удари. За да ми го средат носот со операција, ми отстранија ’рскавица од увото.
Но, потоа мораа да ми направат уште неколку операции за да ја извадат ’рскавицата бидејќи не заздравуваше како што треба. Тоа беа најболните операции, но уште полоши беа хемороидите“.
Со години јавноста се прашуваше што се случило со лицето на актерот, пред самиот да открие:
„Најголем дел од штетата е поради боксирањето, но и поради тоа што отидов кај лош пластичен хирург да ми го среди лицето“.
Се појавија шпекулации и дека актерот претерал со пластични операции бидејќи се чувствувал многу несигурно во врска со својот изглед.
Откако се откажа од боксерската кариера, Мики имаше шанса да ѝ се врати на глумата и се појави во неколку филмови, како The Ram и Iron Man 2.
Но, камбекот не траеше долго поради неговото лошо однесување и конфликтите што ги предизвикувал на сетот.
По бркањето од „Големиот брат“, Мики Рурк се држи настрана од јавност, па не е познато што точно се случува во неговиот живот.
Спирова С. | Црнобело