Ана Курникова и Енрике Иглесијас чекаат четврто дете - тенисерката го крие трудничкото стомаче под широк дуксер
- Детали
- среда, 27 август 2025
По 24 години љубов и три деца, славниот пар до крајот на годината ќе го добие и своето четврто дете.

Семејството на поранешната тенисерка Ана Курникова и пејачот Енрике Иглесијас, ќе стане побогато за уште еден член, пишуваат светските медиуми.
Според шпанскиот магазин HOLA!, кој се повикува на блиски на парот, Ана (44) и Енрике (50) се пресреќни за бременоста и едвај чекаат да се роди бебето.

Курникова е, наводно, веќе на половина од бременоста.
Таа неодамна беше фотографирана во Мајами додека ги носеше децата на училиште, облечена во широк бел дуксер, под кој го крие трудничкото стомаче.

Парот веќе ги има 7-годишните близнаци Луси и Николас и ќерката Мери (5), која има руски прекар - Маша.

За потсетување, тие се запознаа на снимањето на спотот за песната Escape на Енрике, во кој Ана ја имаше главната улога, и помеѓу нив веднаш се појави хемија.

И покрај тоа, својот приватен живот не го експонираат во јавноста и само во ретки моменти споделуваат фотографии заедно или со децата.

Прочитајте и Добија близнаци во тајност, не се видени заедно 2 години: Љубовната приказна на Ана Курникова и Енрике Иглесијас
А. Ј. | Црнобело