Детали за бракот на Кристијан Бејл и сопругата Србинка: Градат цела населба за сирачиња, заедно се над 20 години
- Детали
- недела, 31 август 2025
Кристијан Бејл и сопругата Сиби се заедно повеќе од 20 години, а се запознале преку Винона Рајдер. Освен повремените појавувања на важни настани, не сакаат да се експонираат, но со задоволство зборуваат за нивниот хуманитарен проект – грдат цела населба за сирачиња, каде што децата нема да бидат разделувани од нивните браќа и сестри.

Кристијан Бејл е вистински камелеон на филмското платно и може да се снајде во буквално секаква улога.
51-годишниот актер неретко си го жртвува и здравјето со драстичните промени на тежината за неговите улоги.
Иако е меѓу најголемите холивудски ѕвезди, актерот не сака многу внимание, а со сопругата Сиби се еден од најприватните холивудски парови.
И, можеби и ова има удел во фактот дека нивниот брак трае повеќе од две децении.
Повремено Кристијан знае да каже нешто за сопругата со која има две деца и секогаш има само комплименти за неа.
„Многу сум горд на моето семејство. Станав клише татко кој бескрајно зборува за своите деца. Сепак, јас сум актер, па не сакам луѓето да знаат многу детали за нив“.
Детали за животот на Кристијан и Сиби:
Родителите на Сиби се Срби
Сиби Бејл, со моминско презиме Блажиќ, е родена во Чикаго, но нејзините родители се Срби.
Татко ѝ Слободан и мајка ѝ Надежда потекнуваат од Белград, но се преселиле во САД пред таа да се роди.
Вистинското име на Сиби е Србослава, но таа почнала да го користи името Сандра. Сепак, денес е најпозната како Сиби.
Сиби ѝ била асистентка на Винона Рајдер
Кристијан и Сиби се запознале преку Винона Рајдер.
Во 1994 година, Кристијан и Винона го снимаа филмот Little Women, a тој период Сиби ѝ била лична асистентка на актерката.
Со текот на времето се зближувале, па кон крајот на 1990-тите, Кристијан и Сиби почнаа врска.
Сиби работела и како модел, мејкап артистка и каскадерка
Покрај тоа што работела за Винона Рајдер, Сиби краток период била модел и мејкап артистка.
Истовремено, била и каскадерка, со фокус на сцени со автомобили.
Впрочем, таа била дел од екипата на The Dark Knight Rises, каде што Кристијан го глуми Бетмен.
„Мојата сопруга е каскадерка и ме бркаше со автомобил низ градот додека го снимавме The Dark Knight Rises. Возеше еден од полициските автомобили.
Може да направи над 180 каскадерски трикови. Ме плаши. Мојата сопруга вистински ме плаши“, изјави актерот по премиерата на филмот.