Детали за бракот на Кристијан Бејл и сопругата Србинка: Градат цела населба за сирачиња, заедно се над 20 години
Кристијан не планирал да се венча, сè додека не ја запознал Сиби
Бидејќи родителите на Кристијан се развеле, актерот сметал дека бракот е нешто непотребно.
„Никогаш не планирав да се венчам. Сите во моето семејство беа разведени, па немав некои здрави ставови за бракот.
Но, тогаш ја запознав Сиби и одеднаш бракот ми изгледаше како фантастична идеја“.
На почетокот од нивната врска, Кристијан мислел дека нема да се венча пред 35-тиот роденден, но Сиби го променила и ова.
„Си помислив дека нема да седам и да чекам и потоа да зажалам зошто не сум се оженил со неа (Сиби) порано“.
Па, Кристијан и Сиби се венчаа во 2000-та, само година-две откако ја почнаа врската.
Се држат настрана од јавност
Освен повремените појавувања на важни настани, како премиери и филмски награди, Кристијан и Сиби даваат сè од себе за да се скријат од очите на јавноста.
Вистинска реткост е да се видат и низ улиците на Лос Анџелес и Њујорк, каде што најчесто престојуваат.
Имаат две деца
Во 2005 година, Кристијан и Сиби добија ќерка, во 2014-та добија и син.
Со сопругата градат огромен дом за сираци
Кристијан Бејл и сопругата работат на огромен дом, односно цела населба за сираци.
Актерот ја добил идејата откако сфатил дека децата од сиропиталиштата честопати се разделени од нивните браќа и сестри кога се згрижувани во семејства.
Па, со сопругата одлучиле да изградат цела заедница каде што децата нема да бидат одделувани од своите браќа и сестри.
„Ова се случува во 75% од случаите, па можете да ја замислите траумата. Да немате родители, а потоа да ги изгубите браќата и сестрите – ова е нешто што не треба да го правиме“.
Актерот и сопругата работат на проектот од раѓањето на нивната ќерка.
Изградбата на населбата чини 22 милини долари, а добиле финансиска помош и од Леонардо ди Каприо.
Кристијан вели дека сопругата е најзаслужна за неговиот успех
Кристијан не штеди на комплименти кога зборува за помошта што ја добива од сопругата.
Тој веќе беше активен кога се запознале бидејќи глуми уште од детството. Но, секогаш истакнува дека сопругата му помогнала да се усоврши.
„Верувам дека не би можел да славам за успехот без партнер како неа бидејќи снимањето филмови навистина одзема многу време.
Сиби била во брак со многу ликови (што ги глумев)… Знам дека сето ова би било невозможно без неа. Таа е прекрасна, силна жена“.
Кристијан се има шегувано и дека некогаш на Сиби ѝ недостасувале ликовите што ги глумел.
„Сиби секако дека си има фаворити. Некогаш ќе ми рече ’Ах, ми недостасува... Сакам повторно да го глумиш тој лик‘“.
Спирова С. | Црнобело