Беше во врска со Бруклин Бекам, па се венча сo девојка - Актерката Клои Мориц направи тајна свадба
- Детали
- вторник, 02 септември 2025
Клои и Кејт почнаа да се гледаат брзо откако Клои ја раскина врската со синот на Бекамови, со кого беше во љубов од 2014 до 2018 година.

Актерката Клои Грејс Мориц, која публиката најмногу ја памети по улогите во Desperate Housewives и The Amityville Horror, се венча со својата девојка Кејт Харисон.

Тие беа во врска 7 години, а во јануари открија дека се свршиле.

Дека се во брак, јавноста дозна преку објавата на магазинот Vogue на Инстаграм, дури по венчавката.

Во видеото што го сподели магазинот, двете девојки пробуваат различни венчаници, дизајн на Louis Vuitton, а во коментарот пишува дека тие се венчале на 1-ви септември.
„Иако врската, во најголем дел ја чуваа приватна, потврдија дека се венчале на празникот на трудот (Labor Day)“, стои во објавата.
Претходно, во интервју за магазинот, Клои открила дека таа и Кејт сакале својот голем ден да го споделат само со најблиските, без медиумско внимание.
„Голем дел од венчавката ќе биде посветена на работите што ние ги сакаме - риболов, јавање коњи, покер“, рекла таа.

Клои и Кејт почнаа да се гледаат јавно брзо откако Клои ја раскина врската со Бруклин Бекам.
Со него беше во љубов од 2014 до 2018 година.

Додека беше со синот на Бекамови, нивната врска беше во центарот на вниманието на јавноста и папараци ги следеа насекаде.

Но, откако се појавија првите фотки на кои Клои се бакнува со Кејт (во декември 2018), тие почнаа да се кријат од јавноста.

А. Ј. | Црнобело