Мајка ѝ пробала да ја абортира и да ја задуши, пластичен хирург ѝ го изобличи лицето: Тешкиот живот на Ким Новак
Ким е родена во Орегон, за време на Големата депресија – период на голема економска криза и сиромаштија во САД и дел од Европа.
„Депресијата создаде многу тешкотии. Мајка ми останала бремена, но не можела да се грижи за дете. Пробала да ме абортира со игли за плетење, но не успеала.
Па пробала да ме задуши со перница. Се сеќавам дека се борев да останам жива. Победив, останав жива и успеав“, вели Ким.
Татко ѝ на Ким, пак, имал проблеми со менталното здравје и во подрумот чувал мртви животни и инсекти.
Но, Ким открива дека тој го чувал и телото на нејзиниот брат кој се родил мртов.
„Фетусот, неговиот единствен син, беше во подрумот. Го зачувал“, вели Ким.
Актерката открива и дека нејзиниот татко никогаш не го оправдувал фактот што таа станала актерка. Никогаш не ѝ кажал дека е горд на неа, ниту, пак, некогаш изгледал нејзин филм.
Ким успеала да се извлече од сиромаштијата во којашто била родена откако победила на натпревар за убавина.
Веднаш по победата, ѝ понудиле да позира за реклами за фрижидери, а набрзо потоа добила и понуда да се појави во филм.
Во доцните 1950-ти и раните 1960-ти, Ким почнала да добива повеќе улоги, во филмови кои доминирале на боксофисот, вклучувајќи го и култниот Vertigo.
Но, во период кога беше на врвот, Ким реши да го напушти Холивуд.
Одлуката, вели, се должела на тоа што добивала улоги само заради нејзината убавина. Студијата како да не ја сфаќале сериозно.
Во документарецот, Ким вели и дека нејзината убавина била како „круна од трње“.
„Секако, убавината ми помогна да успеам, но според мене, особено во Холивуд, ова е хендикеп. Секогаш сакаа да глумам ликови за кои е важно како изгледаат, а не како се чувствуваат.
Имаше филмови во кои многу сакав да глумам бидејќи ќе требаше да допрам до моите најдлабоки чувства, наместо само да изгледам убаво“.
Оттогаш Ким главно живее во Орегон каде има фарма и сака да слика. Беше во брак и со ветеринар кој почина во 2020 година.
Ким нема деца, а вели дека причината за тоа е нејзината дијагноза со биполарно нарушување.
Актерката вели дека сега, со документарецот се чувствува како да го завршила последното поглавје од својот живот.
„Како да сум се исповедала, ги искажав работите што значеле нешто во мојот живот. Можеби грешам, но чувствувам дека сум многу блиску до крајот“, вели актерката.
Спирова С. | Црнобело