Мајка ѝ пробала да ја абортира и да ја задуши, пластичен хирург ѝ го изобличи лицето: Тешкиот живот на Ким Новак
- Детали
- вторник, 02 септември 2025
Актерката Ким Новак издаде документарец за нејзиниот живот каде открива навистина мрачни детали, особено за детството. На премиерата на филмот во Венеција, таа изгледаше непрепознатливо бидејќи пред 10-тина години си го уништи лицето со инјекции со масти.

Актерката Ким Новак, најпозната по улогата во филмот Vertigo на Алфред Хичкок издаде документарец за нејзиниот тежок живот и нејзиното тажно детство.
Филмот премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција, каде 92-годишната актерка доби и награда за животно дело.
Изминативе неколку години, Ким се држи настрана од јавноста, но се појави на фестивалот за да ја прими наградата. И, изгледа непрепознатливо, но не поради возраста, туку поради лошо изведените корекции на лицето.
Ким првпат привлече внимание со „новиот“ изглед во 2014 година кога присуствуваше на Оскарите.
Со многу затегната кожа и отечено лице, беше јасно дека промената во изгледот на Ким е поради естетски корекции.
Тогаш Ким се соочи со критики за изгледот, па дури и Доналд Трамп ѝ порача да си го смени пластичниот хирург.
Повредена од лошите зборови, Ким се огласи на Фејсбук каде откри дека на лицето ставила инјекции со масти, но резултатот не бил тоа што очекувала.
Во истата објава, Ким ги критикуваше и суровите стандарди за убавина во Холивуд кои ја натерале да ја направи ризичната процедура.
„По моето појавување на Оскарите, ги прочитав сите критики. Знам што кажаа Доналд Трамп и сите останати, нема да негирам дека ми ставија инјекции со масти.
Оваа процедура ми изгледаше помалку инвазивна од фејслифтинг. Ја направив во 2012 година.
Според мене, секој има право да изгледа што е можно подобро, а и јас се чувствувам подобро кога изгледам убаво“.
Што се однесува до новиот документарец, насловен Kim Novac’s Vertigo, актерката ги споделува најинтимните и најболните моменти од нејзиниот живот.
Документарецот го опфаќа нејзиното детство, десетте години во Холивуд како најголема филмска ѕвезда, а потоа и нејзиното повлекување од јавноста.
„Чувствував потреба да ги ослободам сите сеќавање кои се криеја во мојот ум“, изјави актерката за одлуката да го сподели својот живот со светот.
И, она што го открива е ништо помалку од вознемирувачко.
Иако Ким вели дека ја сака мајка ѝ, признава дека таа пробала да ја убие. Најпрво, мајка ѝ пробала да абортира со игли за плетење.
Бидејќи обидот бил неуспешен, подоцна мајка ѝ пробала да ја задуши со перница.