Родена е како момче, цел живот носи женска облека: Која е 16-годишната трансродова ќерка на Наоми Вотс?
- Детали
- среда, 10 септември 2025
Наоми Вотс и поранешниот партнер Лив Шрајбер добија два сина, од кои помалиот реши да го промени полот. На 16-годишна возраст, помалото дете веќе се декларира како девојка, а неодамна ја почна и кариерата како модел.

Наоми Вотс и Лив Шрајбер беа 11 години во врска, а добија и два сина – Саша и Каи.
Тие се разделија во 2016 година, но заедно се грижат за нивните деца.
Помалиот син Каи има 16 години, а неодамна со светот сподели дека е трансродова личност, односно дека се декларира како жена.
Родена во 2008 година, Каи, чие поранешно име е Самуел Каи, уште во детството се појавуваше со женска облека.
Откако и официјално потврди дека е трансродова личност, поточно дека се декларира како жена, даде и интервју во кое зборуваше за својата транзиција.
Таа вели дека отсекогаш сонувала да стане модел и дека секогаш се чувствувала како девојче.
„Сакам да бидам супермодел. Со години вежбам одење на модна писта во кујната – мајка ми може да ви ги покаже видеата што ја терав да ги снима“.
Каи додава и дека отсекогаш сакала да се облекува и шминка како модел.
„Борбата со мојот родов идентитет уште од мали години веројатно има некаква врска со ова. Отсекогаш сакав да пораснам во убава, гламурозна и влијателна жена, како Мерилин Монро“.
Годинава Каи си ја исполни желбата и ја почна кариерата како модел, откако се појави на ревија на Valentino за време на Модната недела во Париз.
Потоа снимаше и кампања за луксузниот бренд.