Спиел со мажи, плаќал проститутки со картичката на татко му: Најлудите работи од новиот документарец на Чарли Шин
- Детали
- четврток, 11 септември 2025
Чарли Шин откри дека во една пригода си ставил коцка мраз во ректумот, бидејќи не можел да остане буден и да заврши со снимање. Неговиот поранешен дилер пак, изјави дека актерот се дрогирал толку многу, што тој почнал тајно да му дава помала доза, со надеж дека ќе се ослободи од порокот.

Во неговиот нов документарец на Нетфликс – aka Charlie Sheen – Чарли Шин ги открива најлудите детали од неговиот бурен живот.
Актерот, кој самиот вели дека се чуди како уште е жив, реши да го одбележи 60-тиот роденден така што ќе ја раскаже својата верзија на сите негови скандали.
Во документарецот, кој се прикажува на Нетфликс од 10-ти септември, има интервјуа и со поранешната сопруга на актерот, Дениз Ричардс, како и актерите Шон Пен, Џон Крајер и Крис Такер.
Низ годините, јавноста дознала за многу од лудориите на актерот, но некои откритија во документарецот се огромен шок, дури и за оние кои постојано следеле што се случува во неговиот живот.
Најбизарните откритија од документарецот на Чарли:
Неговите родители биле нудисти
Чарли откри дека извесен период, неговите родители – Мартин и Џенет Шин – биле нудисти.
„Можеби во период од еден месец или, пак, пет. Не знам. Имав пет години и кога ќе влезев во кујната, моите родители беа таму, голи“.
Управувал со авион додека бил пијан
Во 1995 година, додека бил на меден месец со неговата прва сопруга Дона Пил, Чарли бил поканет во пилотската кабина за да се фотографира со пилотите.
Нормално, бил пијан, па ги прашал пилотите дали може да седне на седиштето на капетанот.
За некое чудо, пилотите му дозволиле – го исклучиле автопилотот и краток период Чарли управувал со авионот.
Актерот изјави дека во тој миг се чувствувал недопирливо.
Си ставал коцки мраз во ректумот за да остане буден
Не е тајна дека актерот честопати одел на снимања по дејство на дрога и алкохол и одел и до екстреми за да остане буден и да го издржи работниот ден.
Во 1998 година, додека го снимал филмот Free Money, актерот постојано заспивал на сетот поради дрогата и алкохолот.
„Им побарав чаша со мраз и реков веднаш ќе се вртам. Имаше мал тоалет, влегов внатре, зедов коцка мраз и си ја ставив во задникот. Претходно не сум го направил тоа.
Но, бев многу буден, доволно за да се вратам на сетот и да ја завршам сцената“.
Му течела крв од носот цели 18 часа
Пред да се отрезни, Чарли речиси секојдневно користел кокаин, а еднаш имал и сериозно крвавење од носот од дрогата.
„Ми течеше крв од носот 18 часа бидејќи земав многу кокаин. Една вечер, додека снимав ми капна крв и на блузата и го замолив режисерот да ја тргне таа сцена од филмот“.