Спиел со мажи, плаќал проститутки со картичката на татко му: Најлудите работи од новиот документарец на Чарли Шин
Ја загубил невиноста со проститутка во Лас Вегас
Чарли раскажа и за неговото прво сексуално искуство, кога бил втора година во средно. Нормално, и оваа приказна е бизарна.
Актерот бил во Лас Вегас каде најмил проститутка, заедно со пријател. И, двајцата спиеле со неа.
Ја украл кредитната картичка на татко му Мартин Шин за да ѝ плати.
Чарли додава и дека кога татко му дознал, два часа му држел лекции за разликата меѓу секс и љубов.
Спиел со мажи
Актерот никогаш не се декларирал како бисексуалец, но во документарецот откри дека спиел и со мажи.
Чарли вели дека поради зависноста од дрога, бил и како зависен од секс, па спиел со секој – и мажи, и жени.
Не зборува за неговата сексуална ориентација, туку само спомнува дека „ако гледате мени, сигурно ќе го свртите и од другата страна“.
Во интервјуто Чарли вели и дека се чувствувал убаво и слободно што сега зборува за овие детали од неговиот живот.
Дилерот му помогнал да престане да користи дрога
Најнеочекуваниот гостин во документарецот на Чарли е неговиот поранешен дилер на дрога – Марко.
Иако од Чарли заработувал многу, Марко вели дека почнал да се загрижува за здравјето на актерот.
Загриженоста само се зголемила кога советникот за дрога на Чарли му пришол и го замолил да му дава дрога со помала јачина.
Па, без да му каже на Чарли, дилерот почнал постепено да ја намалува дозата кокаин што му ја продавал, во период од година и пол.
На некој начин, со ова му помогнал да ги направи првите чекори за да се ослободи од зависноста.
Ситуација со ќерка му Семи го натерала да се откаже од алкохолот
Чарли го опишува и моментот кога сфатил дека мора да се откаже од алкохолот.
Имено, требало да ја однесе ќерка му Семи на преглед, но сфатил дека не можел да вози.
Дотогаш веќе не користел дрога, но уште пиел многу алкохол и одлучил дека е време да се ослободи и од последниот порок.
Чарли истакнува дека главниот мотив да се откаже од алкохолот била желбата да стане добар татко за неговите деца.
Дениз Ричардс му правела јадење на неговите проститутки
И откако се развеле, Дениз Ричардс имала средби со Чарли Шин, но најчесто за а го лоцира и да провери дали е жив.
Таа раскажува и ситуација додека актерот ја снимаше серијата Two and a Half Men. Колегите од серијата го немале видено два дена, па ја побарале Дениз.
„Ми се јавуваа постојано да одам кај него. Кога беа очајни ќе ми речеа ’Те молиме може ли да отидеш и да провериш дали е жив. Го немаме видено со денови‘. И ќе отидев и ќе почнев да му тропам на вратата“.
Еднаш во домот на Чарли го затекнала и колегата од Two and a Half Men, Џон Крајер, но и неколку проститутки.
И, Дениз решила да им направи сендвичи на сите бидејќи знаела дека немаат јадено.
„Правев сендвичи и Џон ме праша што правам. Му реков дека Чарли нема јадено одамна. Се сеќавам дека ме праша и дали ќе им правам сендвичи ан проститутките. Му реков секако“.
Спирова С. | Црнобело