Марго Роби мета на критики за разголените стајлинзи: „Преубава е, но нема потреба да го покажува задникот“
Потоа, на премиерата во Њујорк, носеше црно-бел фустан со тесен корсет и многу висок шлиц кој изгледаше провокативно.
Неделава таа беше фотографирана и за време на ноќно излегување во Њујорк. Тогаш носеше многу краток фустан без прерамки во комбинација со сандали.
Повторно во Њујорк, актерката беше фотографирана со многу краток фустан додека завршуваше работни обврски низ градот.
Иако изгледа одлично, некои сепак ја критикуваат дека непотребно се разголува, па дури ѝ порачуваат и да си го промени стилистот.
„Многу ја сакам Марго. Но, како со сила да ја тераат да си го смени стилот во попровокативен. Чудно ми е што таа се согласува, не ми изгледаше како таква личност“.
„Што е со разголените фустани периодов? Нема потреба од тоа“.
„Се прашувам зошто почна да се разголува. Аутфитите што ги носеше додека го промовираше Barbie беа прекрасни, но откако се породи, носи сè помалку облека“.
„Нејзиниот стилист нема поим од стил. Нека си најде нов“.
„Преубава жена, но нема потреба да си го покажува задникот“.
Сепак, некои сметат дека актерката е преубава и дека нема ништо лошо во тоа да покаже повеќе кожа.
„Не гледам никаков проблем. Изгледа прекрасно“.
„Сметам дека Марго изгледа добро во секаква облека“.
„Веројатно пробува да си го смени стилот – и зошто да не? Можеби ќе ѝ стои подобро“.
„Млада е и згодна – нека носи разголена облека додека може“.
„Нè натера сите да зборуваме за неа и зарем не мислите дека тоа е целта? Марго е прекрасна и талентирана, нека си продолжи така“.
По огромниот успех со Barbie во 2023 година, Марго направи кратка пауза од индустријата, а пред една година доби и син со сопругот Том.
Целосно му се посвети на мајчинството, пред да ја добие главната улога во новиот филм, каде глуми „рамо до рамо“ со Колин Фарел.
Таа доби и една од главните улоги во новата адаптација на книгата „Оркански височини“ од Емили Бронте.
Погледнете и: Марго Роби го износи најсмелиот фустан на црвениот тепих - илузија на голо тело со видлива танга и Колин Фарел до неа
Спирова С. | Црнобело
