Марго Роби мета на критики за разголените стајлинзи: „Преубава е, но нема потреба да го покажува задникот“
- Детали
- среда, 17 септември 2025
По неколкуте разголени изданија периодов, главно во склоп на промоцијата на нејзиниот нов филм, Марго Роби се соочи со критики за стилот, а некои ѝ порачаа и да си го смени стилистот. Сепак, други коментираат дека што и да облече, изгледа убаво.

Периодов Марго Роби го промовира нејзиниот нов филм – A Big Bold Beautiful Journey – но доста внимание привлекува и со нејзините аутфити на премиерите.
Во изданија посмели од кога било, 35-годишната актерка се соочи со комплименти, но и со критики.
На премиерата на филмот во Лондон, убавата актерка се појави во проѕирен фустан од кој ѕиркаше долната облека – издание кое не е вообичаено за неа.
На друг настан во Лондон поврзан со филмот, актерката носеше здолниште и градник, а се појави и со маичка со длабоко деколте.
