„Ѝ го мразам фустанот“ - Меланија доминира покрај Доналд Трамп во „храбар“ фустан што ги подели мислењата
- Детали
- четврток, 18 септември 2025
„Што ѝ е на Меланија? Жолт фустан, розов ремен, смарагдни обетки? Плус, голи раменици?“ е еден од осдудувачките коментари. Но, има и такви кои тврдат дека Меланија може да износи сè и дека овој фустан носи тајна порака во врска со Доналд Трамп.

Меланија Трамп модно издоминира во жолт фустан со розов ремен и со голи раменици од брендот Carolina Herrera на државниот банкет во Велика Британија.
Таа присуствуваше со сопругот, претседателот на САД Доналд Трамп, на вечерата во замокот Виндзор, организирана од кралот Чарлс и кралицата Камила.

Сепак, изборот на 55-годишната Меланија предизвика поделени мислења на социјалните мрежи.
Многу луѓе не се согласуваат со нејзиниот моден избор за ваков тип на настан, особено со избраната светла боја

Некои, пак, ја пофалија и заклучија дека изгледа изгледа фантастично.
Дел од коментарите се:
„Извинете, но ја мразам жолтата боја, ѝ го мразам фустанот на Меланија“.
„Тоа е толку чуден избор...“

„Таа облека е ужасна. Извинете, но не сум ја видел Меланија со лош моден избор, но ова е тоа!“
„Што ѝ е на Меланија? Жолт фустан, розов ремен, смарагдни обетки? Плус, голи раменици?

Една од пофалбите гласи:
„Првично не бев сигурен, но по малку разгледување, ми се допадна нејзиниот изглед. Модерен е и свеж.
Фантастични обетки. Никогаш не сум бил голем љубител на светло жолта, но Меланија може да носи сè. Таа ја носи облеката, а не обратно“.

