Моника Белучи повторно e сингл на 60 години – раскина со режисерот Тим Бартон
- Детали
- петок, 19 септември 2025
Со кратка заедничка изјава, Моника Белучи и Тим Бартон открија дека решиле да стават крај на нивната врска. Тие се познаваат уште од 2006-та, но чувствата меѓу нив се родиле многу подоцна.

Моника Белучи и Тим Бартон ја изненадија јавноста кога открија дека се заедно. Сега, две години подоцна, повторно изненадија со веста дека се разделиле.
60-годишната актерка и 67-годишниот режисер ја потврдија веста со кратка изјава преку нивните портпароли:
„Со многу почит и грижа еден за други, Моника Белучи и Тим Бартон одлучија да се разделат“.
Парот ја почна врската во октомври 2023 година, а заедно работеа и на филмот Beetlejuice Beetlejuice кој е во режија на ТИм Бартон.
Последен пат беа забележани заедно во јуни, на филмскиот фестивал Taormina. Тогаш режисерот и нежно ја бакна актерката додека заедно беа на сцена.
Тие се познаваат уште од 2006 година, но привлечноста меѓу нив се јавила многу години подоцна.
Откако ја потврдија врската, Моника имаше само убави зборови за режисерот.
„Што можам да кажам… Најпрво, мило ми е што го запознав. Тоа една од оние средби кои ретко се случуваат во животот…
Го знам, го сакам, а сега ќе го видам и во улога на режисер. Го сакам Тим имам најголема почит кон него“.
Бидејќи филмот беше нивна прва соработка, Моника не штедеше комплименти ни за него како режисер.
Пред врската со режисерот, Моника се гледаше со Никола Лефевре и се разделија во 2019-та.
Претходно, од 1997 до 2013 година, таа беше во брак со Винсент Касел. Заедно добија и две деца, но се разделија главно поради неверствата на Винсент.
Прочитајте и: Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсент Касел (57)
Тим Бартон, пак, имаше сериозна врска со актерката Хелена Бонам Картер, а таа се појави и во неколку негови филмови.
Не стапија во брак, но заедно имаат две деца, а отворено кажуваа дека живеат во одвоени куќи, една до друга.
Извесен период се појавија шпекулации дека режисерот ѝ бил неверен на Хелена, но тие негираа.
Погледнете и: Први фотки од Моника Белучи (58) и новиот дечко Тим Бартон (64) – 4 месеци се гледале во тајност, се познаваат 16 години
Спирова С. | Црнобело