Фотосесии со познати брендови, музички настапи: Кои Кардашијанс (веќе) им „купуваат“ кариери на нивните деца?
- Детали
- сабота, 27 септември 2025
Некои од децата на сестрите од кланот Кардашијан-Џенер веќе имаат милион следбеници на социјалните мрежи, без разлика што не се ни тинејџери. Дури и оние најмалите, родени пред 2-3 години, веќе имаат армија фанови.

Без разлика какво ви е мислењето за кланот Кардашијан-Џенер, мора да признаете дека важат за едно од најпознатите и највлијателните семејства во светот.
Нема кој не слушнал за Ким Кардашијан и нејзините сестри, а сега изгледа и нивните деца почнуваат да го освојуваат светот на шоу-бизнисот.
Родени со привилегии за кои повеќето можеме само да сонуваме, многумина коментираат дека сестрите Кардашијан-Џенер веќе им „купуваат“ кариери на своите деца.
И, некои од нив почнуваат да се активираат како модели, па и да добиваат ангажмани во забавната индустрија благодарение на врските на родителите.
Кои се „следната генерација“ Кардашијанс?
Децата на Кортни Кардашијан
Најстаро од сите деца е синот на Кортни Кардашијан кој иако се роди пред камери, не сакал многу внимание.
15-годишниот Мејсон повремено се појавува на објавите на мајка му Кортни, но реши да го прескокне нејзиниот документарец за свадбата со Тревис Баркер.
Извори блиски до семејството велат дека сака да се држи настрана од јавниот живот, но на Инстаграм сепак има околу 800.000 следбеници.

Од друга страна, 13-годишната ќерка на Кортни, Пенелопи, веќе гради кариера како инфлуенсерка.
Таа има заеднички ТикТок профил со мајка ѝ кој го следат над 5 милиони корисници, каде често објавува видеа со туторијали за шминкање, но и детали од раскошниот живот.

Кортни има и 10-годишен син – Реин – кој уште не е присутен на социјалните мрежи.

Најмалото дете на Кортни е синот Роки, кој се роди во 2023 година. Кортни и Тревис веќе објавуваат многу фотки и видеа со него, па најверојатно и тој ќе биде активен во шоубизнисот.

Децата на Клои Кардашијан
7-годишната Тру Томпсон се роди само неколку денови откако се дозна дека татко ѝ Тристан ја изневерувал Клои. Па, уште од раѓање ја следат скандали.
Постои Инстаграм профил со фотки и видеа од неа, но не е познато дали е нејзин или е направен од обожавател.

Клои има уште едно дете со Тристан – Тејтум – кој иако има само три години, веќе е мала ѕвезда благодарение на мајка му.
