Фотосесии со познати брендови, музички настапи: Кои Кардашијанс (веќе) им „купуваат“ кариери на нивните деца?
Децата на Ким Кардашијан
Бидејќи Ким е најпознатата сестра, и нејзините деца се најпознати од семејството.
12-годишната Норт Вест веќе се има појавено на насловната страница на Vogue, а има милиони следбеници на ТикТок и Инстаграм.
Има работено како модел за неколку брендови, а родителите успеаја да ѝ фатат врски да се појави на концерт со песни од The Lion King.
Тогаш Ким и Канје се соочија со критики бидејќи Норт очигледно не знае да пее, па ја добила позицијата само поради нив.

9-годишниот син на Ким и Канје – Сент – имаше Јутјуб профил со многу следбеници.
Но, Ким му го избриша бидејќи почна да објавува бизарни видеа кои беа критика на Камала Харис.
Тој го позајмуваше гласот во анимираниот филм Paw Patrol: The Mighty Movie, а често се појавува на објавите на Ким.

Во 2018-та, со сурогат мајка, Ким ја доби и ќерката Чикаго која веќе ја нарекуваат мини верзија на ријалити ѕвездата.
И покрај возраста, важи за модна икона и има позирано за неколку модни брендови.

Најмалото дете на Ким и Канје е синот Псалм кој има шест години.
Иако не е активен на социјалните мрежи, веќе има бројни профили направени од фанови, што значи кариерата како инфлуенсер му е загарантирана.

Децата на Кајли Џенер
И покрај својата популарност, Кајли Џенер пробува да ги заштити своите деца и избегнува да ги експонира.
Сепак, 7-годишната ќерка Сторми сакала да стане модел и веќе има направено неколку фотосесии за американски магазини.

За помалото дете, 3-годишниот Ери, јавноста не знае скоро ништо бидејќи Кајли не споделува никакви детали.

Спирова С. | Црнобело