Салма Хајек сподели ретки семејни фотки - со сопственикот на Balenciaga го слават 18-тиот роденден на ќерка им
- Детали
- среда, 24 септември 2025
Салма Хајек ги изненади фановите со ретки фотки од семејството - со сопругот милијардер, тие го славеа 18-тиот роденден на ќерка им Валентина.

Салма Хајек и сопственикот на Balenciaga, Франсоа Хенри Пино, го држат приватниот живот настрана од јавноста.
Па, беше вистинско изненадување кога актерката сподели фотки и видеа од 18-тиот роденден на нивната ќерка Валентина.
На една од фотографиите, гордите родители позираат со убавата Валентина, додека на едно видео се гледа како актерката и ќерка ѝ танцуваат.


На друго видео, милијардерот Франсоа ја држи ќерка си во раце и танцува со неа.

Има и фотка од тортата која е црвена и украсена со рози, како и уште едно слатко видео на кое Салма и сопругот Франсоа ја бакнуваат ќерка им.


„Јадевме, танцувавме, се смеевме, сакавме… и се забавуваме цел викенд. Среќен роденден мое мило, прославите за тебе никогаш не траат доволно долго“, стои во описот.
Кликнете на стрелките на објавата за да ги видите и видеата:
Пред два дена, Салма сподели и посебна честитка по повод роденденот на ќерка ѝ:
„Денес наполни 18!!! Премногу работи се сменија во твојот живот, но ти секогаш си своја. Добро страсно срце, мудра душа полна со магија, уникатна незапирлива сила со паметна смисла за хумор и малку тврдоглавост.
Некои работи никогаш нема да се сменат, те сакаме“, стои во описот.
Салма и Франсоа ја добија ќерката Валентина во септември 2007 година, две години пред да се венчаат во Италија.

Лани ја прославија 15-тата годишнина од свадбата, а Салма и тогаш ги изненади фановите со ретки фотки од свадбата.
Покрај Валентина, Франсоа има уште две деца со поранешната сопруга Дороти Лепер, и уште еден син со супермоделот Линда Еванџелиста.
Погледнете и: Венчаница од половина милион долари – Ретки фотки од свадбата на Салма Хајек со сопственикот на Balenciaga
Спирова С. | Црнобело