Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна сопруга која ме поддржува“
- Детали
- петок, 26 септември 2025
По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бекам даде кратка изјава за проблемите со неговите родители и рече дека не го интересира што зборуваат другите за него и Никола.

Бруклин Бекам веќе подолг период е оддалечен од неговите родители, а се претпоставува дека голем удел во целата ситуација има неговата сопруга Никола Пелц.
Дејвид и Викторија избегнуваат да коментираат за целата драма, но Бруклин сепак даде кратка изјава.
26-годишниот Бруклин неделава беше на настан во склоп голф турнирот Ryder Cup во Њујорк.

На турнирот се натпреваруваат најдобрите играчи од Европа и САД, а годинава имаше и настан каде играа славни личности кои не се професионалци.
Бруклин играше токму на овој настан, а си замина видно посрамотен.

Според присутните, Бруклин учествувал на пријателскиот натпревар без разлика што било очигледно дека „нема никаков талент“.
Едвај успеал да освои неколку поени, а присутните дури и негодувале кога играл.
„Бекам беше лошо расположен за време на целиот натпревар. Одеше со наведната глава кога поминуваше покрај фановите на другите ѕвезди.
Беше очигледно дека никој не навива за него. Единствено го поддржуваа играчите од неговиот тим“, вели извор за Daily Mail.

По натпреварот, и самиот Бруклин призна дека не успеал да ги освои симпатиите на публиката, но тврди дека си поминал одлично. Потоа зборуваше и за Никола.
„Мислам дека воопшто не ме сакаа, но беше прекрасно. Зборуваа лоши работи но го очекував тоа… Но, само се шегуваа.
Мене ми беше забавно. Го дадов најдоброто од себе. Искрено, беше навистина забавно“, изјави Бруклин за Daily Mail.

