Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна сопруга која ме поддржува“
Бруклин вели дека играл голф само неколку недели, па затоа се покажал лошо на теренот.
„Реално, малку се нервирав, но целото искуство беше кул. Не можев да одбијам. Беше прекрасно“.

По натпреварот, тој беше прашан и за ситуацијата со неговото семејство и што мисли за критиките што ги добива од јавноста.
„Секогаш ќе има луѓе кои кажуваат негативни работи. Но, јас имам сопруга која многу ме поддржува. Јас и таа си продолжуваме со нашиот живот. И, среќни сме“.

Бруклин истакнува дека никогаш не го интересирало што велат другите за него.
„Сите секогаш ќе кажуваат лоши работи. Јас само пробувам да продолжам со животот. Денес дојдов овде да играм голф со пријателите. Беше забавно“.

Тој додаде и дека веднаш ќе се врати во Лос Анџелес кај Никола.
„Морам да си одам дома. Ја оставив сопругата сама со нашите четири кучиња, па морам да одам да ѝ помогнам, но и да се вратам на работа“.

За потсетување, Бруклин последен пат беше забележан со родителите пред околу една година. Оттогаш пропушти низа важни семејни настани, вклучувајќи го и 50-тиот роденден на татко му Дејвид.
Тој дури и ги обнови заветите со Никола и не само што не ги поканил родителите, туку тие дознале од медиумите.

Прочитајте и: Бруклин и Никола Пелц ги обновија заветите – Бекамови дознале преку медиуми, очекуваат да си го промени и презимето
Спирова С. | Црнобело
