„Сакав да се убијам кога син ми побегна за да живее со татко му“: Мадона отворено за најболниот период од животот
- Детали
- вторник, 30 септември 2025
За време на турнејата во Австралија во 2016 година, Мадона задоцни на два концерта, а еднаш се појави и пијана на сцена, со што ги разгневи фановите. Тој период син ѝ Роко одлучил да живее со татко му Гај Ричи, а пејачката мислела дека го изгубила, па размислувала и за самоубиство.

Во 2008 година, Мадона се разведе од режисерот Гај Ричи, но битката за старателство траеше подолго.
Во 2016-та, синот што го доби со режисерот – Роко – одучи дека сака да живее со татко му, што се одразило навистина лошо на ментална состојба на пејачката.

Тој период Мадона беше на турнеја во Австралија, кога Роко одлучил дека сака да живее со татко му, па побегнал и заминал за Лондон. Наводно, не сакал да ја види дури ни за Божиќ.
Сега, скоро 10 години подоцна, Мадона прозборе за целата ситуација.
„Имаше моменти кога сакав да се повредам. Искрено размислував за самоубиство“, вели таа во ново интервју.

67-годишната пејачка се плашела дека ќе го изгуби старателството над синот Роко кој тогаш имаше 16 години.
„Можам да кажам дека еден од најболните моменти во мојот живот беше битката за старателство. Иако бракот не функционираше, тоа што некој сакаше да ми го одземе детето... па подобро нека ме убие“.

И, додека приватно била во ужасна состојба, Мадона мораше да настапува.
„Бев на турнеја и секоја вечер бев на сцена. Лежев на подот и плачев во соблекувалната. Навистина мислев дека е крајот на светот. Не можев да издржам“.

На турнејата во Австралија, однесувањето на Мадона навистина беше загрижувачко, иако тогаш никој не знаеше што точно ѝ се случува.
На еден концерт се појави пијана на сцена, а на друг ја молеше публиката да се грижи за неа.
Имаше и инцидент кога падна на сцената, па дури и ги помеша своите песни.

На два концерта во склоп на турнејата пејачката задоцни цели два часа. Потоа таа настапуваше и во Нов Зеланд, каде што повторно задоцни околу час и половина.
Сепак, Мадона успеала да го надмине кризниот период и вели дека извлекла поука од целата ситуација.
„Фала Богу веќе не се чувствувам така. Со радост можам да кажам дека сум во добар однос со син ми, но тогаш не можев да го воочам тоа. Навистина мислев дека дошол крајот на светот“.

Пејачката зборуваше и за односот со нејзиниот брат Кристофер кој минатата година почина од рак на грлото.
Мадона и Кристофер не беа во најдобри односи, но неговата болест како да ги зближи.
„Важно е да најдете начин да им простите на луѓето кои ги гледате како вашите најголеми пријатели. За мене, многу долг период, тоа беше брат ми, кој почина неодамна…
Не зборував со него три години. И тој кога беше болен ме побара, ми кажа дека му треба мојата помош. Во тој момент си помислив ’Зарем ќе му помогнам на мојот непријател?‘.
Но, му помогнав. Тогаш се ослободив од голем товар… Конечно можев да го држам за рака и иако умираше, да му кажам дека го сакам и дека му простувам. Ова беше навистина важно“.

Покрај синот Роко, со кого денес се во добри односи, претходно Мадона ја доби и ќерката Лурдес со нејзиниот личен тренер Карлос Леон.
Таа има посвоено и четири деца.
Прочитајте и: Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес?

Спирова С. | Црнобело