Една ограбила мртов маж, друга се разведе по 4 дена: Кои се скандалозните близначки Клермонт?
- Детали
- петок, 03 октомври 2025
Близначките Клермонт се ријалити ѕвезди кои се прославија во САД благодарение на „пластичниот“ изглед, но и многуте скандали зад себе. Едната помина неколку месеци во затвор откако искористила банкарска картичка на мртов маж, а другата се венча во тајност и се разведе по само 4 дена.

Шенон и Шанаде Клермонт се идентични близначки кои се прославија како ријалити ѕвезди.
Тие работат и како модели и модни дизајнерки, а покрај пластичните операции, станаа препознатливи и по скандалозното однесување.
Близначките коли имаат 31 година, потекнуваат од семејство со пет деца, а почнале да работат како модели на тинејџерска возраст.

Нивната тетка била дизајнерка која им помогнала да влезат во светот на модата, па и двете студирале дизајн.
Почнаа да се прославуваат во 2015 година, како дел од американското реално шоу Bad Girls Club.
Но, уште тогаш го покажаа своето проблематично однесување.

Имено, девојките беа отстранети од шоуто по само седум епизоди.
На шоуто, тие се скарале со другите учесници, а караницата прераснала и во физичка пресметка.
Наводно, другите учесници уништиле некои лични предмети на близначките, па тие физички ги нападнале.
Една од нив дури и извадила и нож, а на крај продуцентите на шоуто викнале полиција.

Овој инцидент како да им ја зголеми популарноста, а самите имаат изјавено дека се свесни за тоа, иако никогаш повторно не би се вратиле на шоуто.
Набрзо потоа, поднесоа и тужба против продуцентите со која тврдеа дека тие ја оркестрирале целата драма а гледаност.
Покрај шоуто, во 2018 година Канје Вест ги најми како модели за неговата модна колекција, па ова дополнително им ја зголеми популарноста.

Но, истата година, едната близначка, Шанаде, се најде среде бизарен скандал.
Шанаде отишла на состанок со богат агент за недвижнини. Тие не биле во врска, но близначката излегувала со него, а тој за воврат ѝ давал пари и скапи подароци.
За време на состанокот, агентот се предозирал и починал. Шанаде, пак, наместо да викне помош, му ја зела банкарската картичка и отишла на шопинг и потрошила над 20.000 долари за дизајнерски парчиња.
Но, Шанаде не беше уапсена за неговата смрт, туку за користењето на неговата картичка и злоупотреба на неговиот идентитет.

Шанаде призна вина, но тврдеше дека не знаела дека мажот бил починат. Мислела дека само заспал и затоа не ни пробала да му помогне
Таа доби и 1-годишна казна затвор, но беше ослободена порано бидејќи не претставувала ризик, а и бидејќи почна пандемијата.
Потоа, во 2022 година, другата близначка, Шенон, привлече внимание со бракот кој траеше само четири дена.
Таа се омажи за богат изработувач на скапоцен накит од Канада.
Но, само четири дена подоцна, Шенон побарала бракот да се поништи.
Според неа, на богаташот му се заканувала депортација од САД, па бракот со близначката бил начин да остане во државата.
Уште побизарно е што тие се венчале во тајност, дури ни сестра ѝ на Шенон не знаела, сè додека близначката не побарала бракот да биде поништен.
За близначките има и шпекулации дека се однесувале ужасно со луѓето околу себе, а доста се критикувани и за разголените изданија.