Хејли и Џастин Бибер си го спасуваат бракот на романтично патување – се бакнуваат, уживаат во природа (фото)
- Детали
- понеделник, 13 октомври 2025
По големата криза во бракот и менталното здравје на Џастин, изгледа тој и Хејли се обидуваат повторно да се поврзат како пар – уживаат на патување во Канада, се бакнуваат и покажуваат љубов како што одамна не покажале.

Хејли и Џастин Бибер веќе подолго време изгледа како да минуваат низ брачна криза, а голем удел во тоа има менталното здравје на Џастин.
Во последниот период тој се однесува чудно во јавност и на социјалните мрежи, се појавува во несфатени аутфити и отворено зборува за тоа дека не се чувствува добро.
Освен тоа, во повеќе наврати лошо се однесувал кон сопругата и ја омаловажувал, а се шират шпекуалации дека нејзините блиски сакаат таа да го остави.
Но, и покрај тоа што се зборува дека се пред развод, изгледа сепак даваат напори за да го спасат бракот и семејството.
Парот деновиве е на романтично бегство на Езерото Луис во Канада, каде веројатно одбележуваат 6-годишнина од нивниот брак.
Џастин на Инстаграм сподели фотки со саканата, на која се бакнуваат и изгледа како да се повторно вљубени, додека пак Хејли објави фотки од себе и прекрасната природа.
Тие разменуваат нежности, кајакарат и изгледа како да се обидуваат да се поврзат меѓусебно, но и со природата.

Погледнете повеќе фотки од нив на патувањето:






М. М. | Црнобело