Бакна друг маж пред него, се венчаа набрзина: Знаци дека бракот на Никол Кидман и Кит Урбан беше осуден на пропаст
- Детали
- петок, 03 октомври 2025
На Кит Урбан не му било сеедно што Никол сè почесто снима филмови со многу секс сцени, а еднаш дури и се исклучи од интервју кога го прашаа за ова. Кои се знаците дека на нивниот брак му се ближеше крајот?

Разделбата на Никол Кидман и Кит Урбан беше изненадување, најмногу бидејќи парот беше во брак цели 19 години.
Но, штом Никол поднесе барање за развод, почнаа да се откриваат многуте проблематични детали од нивниот брак.
Знаци дека разделбата на Никол и Кит сепак била очекувана:
Никол Кидман чекала четири месеци за Кит да ја покани на состанок
Никол и Кит се запознале во 2005 година, но актерката сама има откриено дека тој не ѝ обрнал многу внимание.
Таа вели дека Кит се однесувал како да не ја ни забележал, иако Кит подоцна тврдел дека му се допаднала, само не покажувал.
Тој ја поканил на состанок само затоа што случајно се сретнале четири месеци подоцна.

Никол сакала да се венчаат по само еден месец врска
Иако Кит чекал за да ја покани на состанок, Никол има изјавено дека посакала да се венча со него уште во првиот месец заедно.
Во 2015-та, актерката призна дека не се ни познавале доволно добро кога стапиле во брак.
„Се венчавме многу брзо и имавме можност вистински да се запознаеме дури по свадбата“.

Кит беше на рехабилитација веднаш по свадбата
Проблемите со зависност на Кит не се тајна. Па, само неколку месеци по свадбата, тој заврши на рехабилитација.
За Никол, ова бил особено тежок период.
„Тоа беше уште еден пресврт во мојот живот. Беше болно, многу болно. И двајцата бевме во многу болна состојба“, изјави Никол.
Иако Кит тврдеше дека самиот посакал да оди на рехабилитација, подоцна откри дека Никол го натерала.
Таа викнала неколку блиски пријатели кај нив дома и заедно со Кит разговарале за неговиот проблем со зависност.
Доколку Никол не преземела нешто, Кит вели дека веројатно би продолжил со пороците.

И двајцата се осамени
Никол има изјавено дека кога го сретнала Кит, била многу осамена, а во слична положба бил и тој.
„Сметам дека и двајцата сме многу осамени личности… Сакав партнер, некој со кого ќе го делам мојот живот и тогаш го сретнав него“.
Подоцна и Кит има дадено слична изјава, дека ја сретнал Никол кога се чувствувал многу осамено.
Па, веројатно и затоа брзо го направиле следниот чекор и се венчаа по околу една година заедно.

