Бакна друг маж пред него, се венчаа набрзина: Знаци дека бракот на Никол Кидман и Кит Урбан беше осуден на пропаст
Никол бакна друг маж пред Кит
На доделувањето на Еми наградите во 2017 година, Александар Скарсгард доби награда за најдобар актер во споредна улога за серијата Big Little Lies.
Во серијата глуми и Никол, а кога актерот беше прогласен за победник, таа му честита така што го бакна во уста, пред целиот свет.
Уште побизарно беше што сопругот Кит седеше до неа.
Подоцна Никол беше прашана за бакнежот, на што изјави:
„Го бакнав и сопругот! Да, го бакнав Александар, но треба да разберете заедно правевме сè на сетот… Јас имам прекрасен сопруг кој ме поддржува и кој го сакам повеќе од сè на светот“.

Никол сè почесто снима филмови и серии со многу секс сцени
На Никол никогаш не ѝ било проблем да се соблече пред камера, но изминативе неколку години, како сè почесто да прифаќаше улоги со многу голотија и секс сцени.
Посебно внимание привлече филмот Babygirl, каде актерката сними неколку секс сцени со многу помлад колега.
Додека Никол велеше дека ваквите улоги за неа се „ослободувачки“, почна да се шпекулира дека Кит не е најсреќен, дури и пред да се разделат.
Тој многупати ги избегнувал премиерите на ваквите филмови, вклучително и Babygirl.
Еднаш дури и се исклучи од видеоинтервју кога го прашаа што мисли за провокативните филмови на сопругата.

Се однесуваа чудно на настани
Изминативе неколку години, Кит и Никол заедно присуствуваа на важните настани од филмската индустрија и иако на повеќето фотки се прегрнати, очигледно е дека не се многу среќни еден покрај друг.
Прегратките и бакнежите делуваат оркестрирано, а на повеќето фотографии Кит изгледа како да му е здодевно.
На дел од фотографиите се гледа и како музичарот пробува да држи дистанца од Никол додека таа позира.

На Кит често му требало „простор“ од Никол и децата
Нормално, повремено на сите ни треба простор и време само за себе.
Но, Никол откри дека Кит Урбан честопати како да бегал од нив и барал да се изолира.
„Мислам дека само му треба бегство со неговата гитара. Некогаш го наоѓам скриен како свири гитара. Тогаш знам дека треба да му дадеме простор“.

Имало многу гласини дека ќе се разведат
Уште пред да се разделат, не недостасувале шпекулации дека на бракот на Никол и Кит му се ближи крајот.
Во 2018 година, американски таблоид напиша дека по караница, Кит си заминал од дома.
„Кит се исели од семејниот дом по низа караници со Никол. Отседнува во хотел во Лос Анџелес. Со него е брат му Шејн и има група блиски пријатели со кои комуницира секојдневно“.
Не е познато дали Кит навистина си заминал, но веројатно ги решиле проблемите, барем тогаш.
Бидејќи гласините беа многубројни, Кит еднаш сподели дека не им е сеедно, особено поради нивните деца.

Спирова С. | Црнобело
