Ја изгуби сопругата од рак на дојка, син му почина на 16 години: Тажниот живот на Џон Траволта
- Детали
- сабота, 11 октомври 2025
Во 1970-тите, девојката на Џон Траволта почина од рак на дојка, а во 2020-та, ја изгуби сопругата од истата болест. Исто така, почина и неговиот син на 16-годишна возраст.

Благодарение на улогите во Saturday Night Fever и Grease, во 1970-тите Џон Траволта беше меѓу најголемите холивудски ѕвезди.
Иако низ годините имаше и по некоја лоша улога, сепак се докажа како добар актер кој го поврзуваме со низа култни филмови.
Но, неговиот успех неретко е засенет од многуте трагедии со коишто се соочил.
Тажни детали од животот на Џон Траволта:
Неговата сопруга почина од рак на дојка
Џон Траволта и сопругата Кели Престон беа заедно цели 28 години, сè до нејзината смрт во 2020-та.
Тие се запознале во 1989, на сетот на The Experts, а како што има изјавено Кели, станувало збор за љубов на прв поглед.
Но, тогаш Кели беше во брак со актерот Кевин Гејџ, па меѓу неа и Џон Траволта не се случило ништо.
Пo разводот од Кевин, Кели имаше кратка врска со Џорџ Клуни, а и речиси се венча во Чарли Шин.
Дури потоа Џон и Кели почнаа врска, а се венчаа во 1991 година, додека го очекуваа нивниот син Џет. Потоа добија и ќерка.
Но, околу 2018 година, Кели добила дијагноза за рак на дојката, а и таа и Џон успешно ја криеја болеста од јавноста.
Во 2020-та откако Кели почина, Џон откри дека имала рак и истакна дека храбро се борела со самиот крај.
Има изгубено и девојка поради рак на дојка
Пред да се венча со Кели, во 1970-тите, Џон Траволта беше во врска со актерката Дијана Хајланд.
Се запознале откако Дијана имала направено двојна мастектомија и се надевала дека ќе заздрави. Но, одеднаш состојбата ѝ се влошила.
Тој период Џон го снимал Saturday Night Fever, но веднаш се вратил во Лос Анџелес за да биде со неа во последните мигови.
„Почувствував како го испушти последниот здив… Периодот по смртта беа најтешките 10 недели од мојот живот.
Пробав да ѝ подарам радост во последните месеци од животот. Секогаш чувствувам дека е со мене“, изјави актерот неколку години по нејзината смрт.
