Ја изгуби сопругата од рак на дојка, син му почина на 16 години: Тажниот живот на Џон Траволта

Беше обвинет за сексуален напад

Џон Траволта отсекогаш важел за маж кој си го сака семејството. Па, вистинско изненадување беше кога во 2018 година се соочи со обвиненија за сексуален напад.

Актерот беше тужен од анонимен 21-годишен масер кој тврдеше дека Џон имал „перверзни хомосексуални фантазии“ и наводно целосно се соблекувал пред него и му кажувал вознемирувачки работи.

Се појавија и неколку слични обвиненија, но актерот ги негираше и по некое време целата драма спласна.

Сепак, некои поранешни скиентолози кои биле блиски со актерот тврдат дека тој има и мрачна страна.

ja-izgubi-soprugata-od-rak-na-dojka-sin-mu-pochina-na-16-godini-tazhniot-zhivot-na-dzhon-travolta-08.JPG

Син му почина на 16-годишна возраст

Во 2009-та, 16-годишниот син на Џон Траволта и Кели Престон почина.

Тие беа на одмор на Бахамите, кога син им доживеал епилептичен напад поради што си ја удрил главата.

Го нашле без свест и веднаш го однеле во болница, но таму ѝ подлегнал на повредата.

ja-izgubi-soprugata-od-rak-na-dojka-sin-mu-pochina-na-16-godini-tazhniot-zhivot-na-dzhon-travolta-04.JPG

ПО трагедијата, актерот откри дека син му имал интензивни епилептични напади на секои пет до десет дена, кои траеле и по неколку минути.

Смртта на Џет предизвикала депресија кај актерот и Кели.

„Во животот ми се нема случен нешто полошо. Животот веќе не ме интересираше и ми требаше многу време за да се подобрам“, има изјавено Џон.

ja-izgubi-soprugata-od-rak-na-dojka-sin-mu-pochina-na-16-godini-tazhniot-zhivot-na-dzhon-travolta-06.JPG

Криеше дека син му имал аутизам

Покрај епилептичните напади, починатиот син на Џон имаше и аутизам.

Актерот првпат прозборе за неговото нарушување дури по смртта, и тоа бидејќи мораше да оди на суд за изнуда на пари.

Непосредно по смртта на Џет, двајца мажи пробале да изнудат 25 милини од актерот така што му се заканувале дека ќе откријат приватни информации за син му.

Тие се заканувале дека Џон е одговорен за смртта на син му, па актерот беше присилен во судница да зборува за неговата здравствена состојба.

Неколку години подоцна, и Кели зборуваше за дијагнозата на Џет во интервју. Тогаш откри дека Џет имал и низа други здравствени проблеми.

ja-izgubi-soprugata-od-rak-na-dojka-sin-mu-pochina-na-16-godini-tazhniot-zhivot-na-dzhon-travolta-02.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg