„Дејвид многу ’рчи, не чистам дома, летам со нискобуџетни авиокомпании“: Што откри Викторија Бекам во новиот документарец?
- Детали
- петок, 10 октомври 2025
Во новиот документарец, Викторија сподели детали што јавноста не ги знаела досега. Откри дека имала проблем со трошење кој речиси ѝ го пропаднал бизнисот, но вели дека лета со нискобуџетни авиокомпании, а нејзиното семејство е скромно и мајка ѝ пазарела во Lidl.

Иако Викторија Бекам е една од најпознатите жени во светот, во својот нов документарец сепак открива детали што јавноста не ги слушнала претходно.
51-годишната модна дизајнерка отворено зборуваше за битката со нарушувањето во исхраната, но и за детали од секојдневието со Дејвид, нејзината „зависност“ од шопинг, а откри и зошто никогаш не се смее.
Што дознавме за Викторија од нејзиниот нов документарец?
Била зависна од шопинг
Веќе е познато дека повеќе од една деценија, модниот бренд на Викторија беше во загуба и првпат оствари профит во 2023-та, односно 15 години по лансирањето.
Дејвид бил тој што инвестирал милиони во бизнисот на Викторија, а во еден миг дошле и до ситуација кога повеќе не можел да ѝ дава пари поради големата загуба.
„Почнав да паничам бидејќи не се враќаше ништо од парите што ги вложував. Отсекогаш сме стоеле на ставот дека ќе се поддржуваме еден со друг без разлика на сè, но почнав да се загрижувам.
Бизнисот воопшто не беше одржлив“, вели Дејвид.
Во документарецот зборува и бизнисменот Дејвид Белхасен кој исто така инвестирал во брендот на Викторија и вели дека доста голем проблем било нејзиното неконтролирано трошење.
Иако модната куќа била во загуба, Викторија трошела десетици илјади евра само за растенија во канцеларијата.
„Многу сакаше растенија. Ја чинеа по 80.000 евра годишно. Потоа требаше и некој што ќе се грижи за тие растенија и тоа чинеше уште 17.000 евра годишно. И, ова е само почетокот!
Па, одлучив да ѝ ја кажам вистината, таква каква што е и не знаев како ќе реагира. Ѝ реков ’Викторија мора да промениме сè. Да направиме нова структура на бизнисот и тоа ќе биде болно‘“.
Викторија додава дека не ѝ било лесно да се соочи со своите грешки, но признава дека трошела непотребно за сè и сешто, како нарачување материјали кои не ни ѝ требале.
„Никогаш не сум учела бизнис, имав искуство во забавна индустрија. Мислам дека дел од проблемот е што на луѓето им е страв да ми кажат не“.
Откри зошто никогаш не се смее
Добро познат факт е дека Викторија (речиси) никогаш не се смее, особено не на црвениот тепих.
Сега откри и дека причината за тоа е Дејвид.
„Изгледам мизерно сите овие години бидејќи кога сум на црвен тепих, Дејвид секогаш стои на левата страна.
Но, не бев свесна дека кога се насмевнувам, тоа е од левата страна бидејќи кога се насмевнувам на десната страна изгледам лошо.
Па, јас се смеам во себе но никој не го гледа тоа – затоа изгледам намуртено“.