„Дејвид многу ’рчи, не чистам дома, летам со нискобуџетни авиокомпании“: Што откри Викторија Бекам во новиот документарец?
Нема јадено чоколадо 30 години
По битката со нарушувањето во исхраната, Викторија вели дека се храни здраво, но и како да е опседната со здрава храна.
Во документарецот, има сцена каде што Дејвид ѝ нуди чоколадо, на што Викторија вели:
„Не, благодарам. Знаеш дека немам допрено чоколадо од ’90-тите, сигурно нема да почнам сега!“
Се пожали дека Дејвид многу ’рчел навечер
Ова е детаљ што го откри во ново интервју направено како дел од промоцијата за документарецот.
Модната дизајнерка вели дека животот со Дејвид е убав, но дека не е гламурозен како што изгледа за јавноста.
„Носам тампони за уши и, да ви кажам, не е бидејќи сакам. Можеби изгледа добро, но дури и мојот сопруг ’рчи. Морам да носам тампони навечер“.
Викторија додава и дека кога се дома, исти се како и секој пар – повремено гледаат серии и слушаат поткасти.
Никогаш не чистела, но вели дека е скромна
Иако во документарецот вели дека имала проблем со трошење, во интервјуто Викторија тврди дека е генерално скромна личност.
На прашањето дали пазари во Lidl, Викторија рече дека не, но истакна дека тоа е омилената продавница на мајка ѝ.
Викторија и Дејвид имаат неколку кучиња, па дизајнерката беше прашана дали таа им го собира изметот кога ги шета.
„Секако дека да! Многу мразам кога луѓето не го собираат и го оставаат низ парк, ужасно е“, сподели Викторија.
Иако приватните авиони се норма за богатите, Викторија вели дека честопати летала со нискобуџетни авиокомпании како Ryanair.
Таа додава и дека со години не чистела дома не бидејќи не сака, туку бидејќи Дејвид не ѝ дозволувал.
„Не сум чистела многу, многу години. Дејвид, ’господин чист‘, сака да чисти“.
Прочитајте и: Викторија Бекам ја „соголи“ душата во документарец: „Ме мереа колку сум ослабела по раѓањето на Бруклин во емисија во живо“
Спирова С. | Црнобело