Бела Хадид признава дека ги почнува деновите со плачење заради депресија и анксиозност: „Чувството е парализирачко“
- Детали
- понеделник, 13 октомври 2025
„Понекогаш целосно те обзема, чувството те парализира, невидливо е за надворешниот свет, а те остава во солзи пред да го почнеш денот, и се прашуваш зошто твојот ум толку ти тежи кога животот околу тебе изгледа светло“ - Бела Хадид повторно искрено зборува за проблемите со менталното здравје и ги потсетува фановите дека не се сами.

Бела Хадид е една од многуте познати личности кои се борат со тешките симптоми на лајмската болест, но таа со години страда и од депресија и анксиозност.
Моделот секогаш користи прилика искрено да им покаже на фановите како изгледа нејзиното секојдневие и дека не секогаш животот е совршен како што изгледа од страна или на социјалните мрежи.
Честопати споделува фотографии на кои се гледа колку ѝ е тешко додека е во болница, кога симптомите се најтешки, но и кога се бори со сопствените мисли.

По повод Денот на менталното здравје, кој се одбележа на 10-ти октомври, таа на Инстаграм објави подолг текст во кој очигледно се пронашла, а го споделува со сите кои можеби се наоѓаат во истата ситуација.
Во описот на објавата, Бела додаде свои искрени зборови и напиша:
„Нешто што го носев долги години е товарот на анксиозноста и депресијата.
Понекогаш целосно те обзема, чувството те парализира, невидливо е за надворешниот свет, а те остава во солзи пред да го почнеш денот, и се прашуваш зошто твојот ум толку ти тежи кога животот околу тебе изгледа светло.

Честопати срамот доаѓа со борбата со менталното здравје. Понекогаш се чудам како животот ме благословил и како моето тело и ум се исполнети со тежината на тагата, депресијата и анксиозноста на дневно ниво.
Низ годините, научив дека ова не е слабост – ова е дел од мене. Мојата чувствителност, свесност, емпатија. На многу начини, тоа може да биде супермоќ.

Тоа нè прави луѓе и овие делови од мене ми помогнаа да се разберам себеси и другите подлабоко.
Кој и да се справува со ова секојдневно, сакам да се сетите дека не сте сами и ве сакам многу“.

Пораката пак, која ја сподели, со зборови кои ќе ги допрат сите кои се во слична ситуација како неа, гласи:
„Кога товарот ви станува премногу тежок, а иднината ви изгледа мрачно, во ред е да си дадете момент, ако чувствувате дека сте ја изгубиле искрата.
Кога се чувствувате како да не сте во сопственото тело, не можете да прифатите што се случува, не мора секогаш да барате убавина, во буквално сè.
Понекогаш, кога работите се страшни, и се вклучува режимот на преживување, се фокусираме на она што мораме, бидејќи станува збор за тонење или пливање.

Сè останато се заборава, бидејќи само сакате да се чувствувате безбедно, и можеби не можете да се фокусирате на што било, додека мислите почнуваат да се тркаат.
Забавете го темпото и земете длабок здив, ќе бидете добро, не се фокусирајте само на иднината, само размислувајте за денес.
Понекогаш сите оние „што ако“, се страшни, па запомнете дека овој ви е единствениот загарантиран момент, само фокусирајте се на она што го правите денес, и запомнете да дишете“.
M. M. | Црнобело