Бела Хадид со загрижувачки фотки: Плаче во болница и прима терапија за лајмска болест
- Детали
- четврток, 18 септември 2025
Со фотки на кои плаче и прима инфузија, Бела Хадид откри дека повторно е во болница поради лајмската болест. Таа ја добила дијагнозата во 2012 година, но уште чувствува последици како екстремен замор и несоница.

Бела Хадид првпат откри дека има лајмска болест уште во 2016 година и повремено споделува како се справува со тешките симптоми.
Сега, 28-годишниот модел откри дека повторно завршила болница. На Инстаграм, Бела сподели неколку фотографии од болничка соба.
На една фотографија таа е со маска за кислород и инфузија, додека на друга се гледа како прима трансфузија со крв.
На дел од фотките изгледа и како Бела да плаче, а се гледа и како си држи кеса со мраз на челото.
„Се извинувам што секогаш исчезнувам. Ве сакам“, стои во описот.
На објавата има коментар од сестра ѝ Џиџи:
„Те сакам! Се надевам дека наскоро ќе се чувствуваш силно и добро како што заслужуваш!“
На дел од фотките Бела покажува и како го минува времето во болница – играјќи карти и гледајќи серии.
Во објавата Бела не открива со какви проблеми се соочила сега, но во коментар, нејзината мајка открива дека престојот во болница е поради лајмската болест.
Низ годините, Бела многупати има споделувано фотографии од нејзиниот престој во болница.
Вели дека често чувствувала замор, имала проблеми со вниманието и сеќавањето, а се соочувала и со депресија и несоница.
Бела била дијагностицирана со болеста во 2012 година, како и дека симптомите имале огромно влијание врз нејзината кариера.
Додека пробувала да се пробие, честопати имала проблеми со симптомите.
Во 2023-та, со емотивна објава откри дека поминала 100 дена на лекување.
„Живеењето во оваа состојба, која се влошува со текот на времето, додека се обидувам да успеам, има влијание врз мене кое не можам да го објаснам.
Да бидам тажна и болна, додека сум опкружена со благослов привилегии, можности и љубов е навистина збунувачко чувство“.
Лајмската болест е предизвикана од бактерија што ја пренесуваат крлежите. Односно, луѓето може да се заразат од каснување од крлеж.
Иако болеста може да се третира со антибиотици, кај некои луѓе, како Бела, симптомите продолжуваат да се појавуваат.
Ова е почесто ако болеста е дијагностицирана многу доцна. Но, некогаш и по рана дијганоза и успешен третман, симптомите сепак може да се вратат, а ова е феномен што не е добро разбран.
За овие симптоми, кои вклучуваат екстремен замор и болки, нема лек.